Места низ Македонија на кои ќе им се вратам после изолацијата

Еве, со денови седам дома, како и секој друг и си размислувам. Ако некој порано ми кажеше дека ќе нѐ снајде ова, дека цел свет ќе биде ставен во карантин и дека со недели нема да може да излеземе, прво ќе му се изнасмеав во лице и после ќе му одбрусев да олабави малку со гледање на Netflix.

FotoJetglavna copy

Откако завршив со читање на една книга, чепкав низ хард-дискот и налетав на толку многу фотографии. Не можев рамнодушно да гледам во нив, а да не си помислам дека во моментот претставува луксуз да излезеш и да се прошеташ во природа, без да стравуваш дека можеш да загрозиш нечиј живот откако ќе се прибереш дома.

Ми недостигаат посетени места во Македонија, па и насекаде. Она што си го дадов како ветување дека штом заврши изолацијата, повторно ќе се дрзнам да ги посетам омилените локации во нашата држава.

Прво на памет ми падна „собата под отворено небо“, што мислам дека ја открив точно пред година дена, кога со двајца другари се упативме спрема Забелскиот манастир. Во селото Старо Нагоричане постои едно одморалиште за луѓе, посебно за оние кои често се движат во природа во тој крај.

Можеш слободно да се одмориш, а самиот амбиент ќе ти направи филм дека си во некое номадско засолниште.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Мора да го издвојам и Копришкиот водопад, во близина на селото Дрен, како едно од омилените места кај нас што до сега ги имам посетено. Можеби треба малку да се измачите додека да стигнете до таму, да минете тесни патчиња низ густа шума, да се спуштите по лизгаво земјиште пред конечно да стигнете до овој хармоничен простор, кој сè уште не е толку познат на луѓето.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Знам дека некој викенд после изолацијата ќе тркнам и до општина Чешиново, каде постои најголемото штрково гнездо во Македонија, поставено на Задружниот дом.

Колку што се сеќавам има околу 70 гнезда на бели штркови.

Не знам веќе за што попрво да пишувам. Има толку многу места. Исто така ќе го повторам возењето со теренските возила низ Малешевските планини. Сигурно ќе се искачам и до Ченгино Кале – најисточната точка во Македонија на 1760 мнв.

Таму ништо друго не ми треба, освен сончев ден и момент-два за себеси.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Адрпашко-Тепличките карпи во Чешка се пандан на нашата Куклица во кратовско, мистично и волшебно мес... Ова е најголемата групација на карпи во Европа, испреплетени во лавиринти. Издиг...
Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg