5 предлози за достапни еднодневни есенски патувања низ Македонија

Убавите сончеви есенски викенди, искористете ги за прошетка и излет во природа. Уживајте на чист воздух, во прекрасните есенски пејзажи низ нашата земја.

5-predlozi-za-lesno-dostapni-ednodnevni-esenski-patuvanja-niz-makedonija-01.jpg

Станете порано, набавете си ги основните работи на брзинка кои ви се потребни за пикник само со вашиот мобилен паричник т.е. вашиот телефон, преку HalkPay апликацијата, понесете добро расположение и уживајте во денот.

Ова се нашите 5 предлози за еднодневно патување низ Македонија:

1. Мегалитската опсерваторија Кокино

На само 75км од Скопје, одлична дестинација за еднодневен излет. До неа води асфалтен пат, а последните 500 метри треба да се пешачи за да се стигне до самата опсерваторија.

Таа е поставена на врвот „Татиќев камен“, на надморска висина од 1 030 метри. Прошетајте низ Куманово и потоа упатете се кон Кокино. Немојте да си одите рано. Најубаво е за уживање на зајдисонце.

5-predlozi-za-lesno-dostapni-ednodnevni-esenski-patuvanja-niz-makedonija-02.jpgфото: depositphotos.com

2. Царев врв – Осоговски планини

Доколку сте во потрага по чист воздух, сакате планинарење, тишина и доза мир која ќе ја вратите со себе во градскиот метеж, Царев врв треба да биде вашата следна дестинација за искачување. Неговата висина изнесува 2085 m.

Понесете соодветна опрема за планинарење и добро друштво.

До врвот може да пристапите од две страни: од кривопаланечкиот манастир Св. Јоаким Осоговски и од Кочани преку Пониква. А кога ќе стигнете таму, глетката која ќе ве дочека е спектакуларна.

5-predlozi-za-lesno-dostapni-ednodnevni-esenski-patuvanja-niz-makedonija-04.jpgфото: Wikipedia

3. Селото Тресонче

Се смета дека Тресонче е најстаро мијачко, а со тоа и малореканско село. До селото Тресонче води асфалтен пат кој се двои од месноста Бошков Мост од регионалниот пат Дебар — Маврово и продолжува по текот на Мала Река.

5-predlozi-za-lesno-dostapni-ednodnevni-esenski-patuvanja-niz-makedonija-05_1.jpgфото: Инстаграм

Се наоѓа во срцето на планината Бистра, во западна Македонија, а е распослано по левата и десната страна на Тресонечка Река, која извира во непосредна близина на селото. На четири километри источно од селото, во долината на Тресонечка Река, се наоѓа најубавиот пештерски систем Алилица.

Над овој пештерски систем се изворите на Тресонечка река, каде што се наоѓаат 12 водопади.

5-predlozi-za-lesno-dostapni-ednodnevni-esenski-patuvanja-niz-makedonija-05_2.jpgфото: Инстаграм

4. Бел Рај, Миравци – Гевгелија

Стара Река е притока на Вардар во Валандовската Котлина. Навлегува во карпесто корито низ кое тече сѐ до излетничкото место Бел Рај кое се наоѓа крај мостот на самиот пат помеѓу селата Петрово и Миравци.

Над селото Миравци се наоѓа црквата „Свети Константин и Елена“ која е изградена во поново време, најверојатно на место од постара црква, со оглед на времето од кое датираат гробовите во нејзиниот двор. Во близината на селото Миравци, на патот кон селото Петрово се наоѓа и вештачко езеро.

Miravci-skrien-makedonski-biser-01.jpgфото: Инстаграм

5. Бродечки водопади, с. Бродец

Иако само на половина час од Скопје и без оглед на бројните природни и културни атракции што ги има, планината Скопска Црна Гора е сè уште слабо посетена.

Овде, особено внимание заслужуваат водопадите на Тршченски Поток, на околу 500 m источно од Бродец, на 950-1100 m надморска височина.

Станува збор за десетина водопади со височина од 2,5 – 5 метри, наредени скалесто еден под друг, така што целата појава претставува слап. Од наведените, најпристапни и највпечатливи се 6-те водопади кои локалното население со заедничко име ги нарекува Бучало.

Бродечките водопади (или Бучало), се наоѓаат во извонреден природен шумски амбиент.

5-predlozi-za-lesno-dostapni-ednodnevni-esenski-patuvanja-niz-makedonija-09.jpgфото: igeografija.mk

Е. П.  | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg