Плажата Сејшели на грчкиот остров Икарија – мами со недопрената убавина и изолираноста

Плажата Сејшели на грчкиот остров Икарија мами со својата недопрена убавина. Taa е позната и како „Јамајка на Егејското море“, а поради изолираноста не е преполнета со туристи.

Plazata-Sejsheli-na-grchkiot-ostrov-Ikarija-mami-so-nedoprenata-ubavina-i-izoliranosta-01.jpg

Оваа камчеста плажа е лоцирана во мало живописно местенце, полна со интересни камени формации, а специфичната боја на морето ја нема на ниедно друго место.

Дополнително, таа е идеално место за сите оние што бегаат од гужви и од метеж и сакаат да уживаат во мир и тишина кога се на одмор.

Убавините на островот Икарија најдоа свое место и во најновото издание на светски познатиот весник Wanderlust.

Во посебна репортажа за помалку познатите грчки острови во Егејското Море, весникот отстапи место и на грчкиот остров Икарија и плажата Сејшели што се наоѓа во јужниот дел на островот.

За да стасате до јужниот дел на островот Икарија и до главниот град Агиос Киркос потребно е да патувате околу 3 часа на траект од Карловаси на островот Самос.

По ова станува јасно зошто овој дел од островот е помалку атрактивен за туристите, за разлика од северниот дел на островот до каде се патува околу 1 час и 15 минути и каде се сместени најголемиот дел хотели.

Преубавата плажа Сејшели се наоѓа во јужниот дел од островот, што поретко е посетуван од гости.

Инаку, островот Икарија се смета дека го крие клучот за долговечноста, затоа што дури 1/3 од населението на островот доживува возраст над 90 години.

Како за повеќето места во Грција, така и за овој остров се врзуваат низа легенди, па така се смета  дека островот е местото каде што митскиот Икар паднал и се удавил во морето, а локалното население точно знае да го покаже и местото каде се случило тоа.  

Освен природните убавини плажата Сејшели е посебна и по тоа што поради тешката пристапност не е туристичка атракција.

Плажата се наоѓа во непосредна близина на селото Ксилостритис, а мами воздишки со  тиркизно сината вода, гранитните карпести формации. Но, за да стасате дотаму од Ксилостритис потребно е да поминете стрмен пат преку планинскиот предел.

До плажата можете да стигнете и преку селото Манганитис. Пристапот до плажата е преку патче кое започнува на главниот пат и кое се протега по речното корито. Некогаш дури е возможно да земете такси бротче од пристаништето во Манганитис.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg