Белото селце Линдос на островот Родос е вистински грчки рај кој вреди да се посети

Доколку сѐ уште се двоумите која ќе биде вашата овогодишна, летна дестинација, од срце ви го препорачуваме прекрасниот Родос, грчкиот остров со најразновидна убавина.

Beloto-selce-Lindos-na-ostrovot-Rodos-e-vistinski-grchki-raj-koj-vredi-da-se-poseti 01 630x330.jpg

Една од најголемите атракции претставува селцето Линдос, кое за повеќето посетители на островот претставува најимпресивниот, археолошки локалитет и не залудно го носи епитетот „срцето на Родос“.

На прв поглед, сите неизбежно стапнуваат на педалата за сопирачките, за да му се восхитуваат на драматичниот, природен пејзаж - засилен со живописниот квалитет на градот изграден во поблиското минато.

Погледот е зачудувачки. Над мирните води на широк, карпест залив, бели рамни покриви се издигнуваат на падина од златна, дрвена, песочна плажа, формирајќи лесен појас околу северната страна на ридот на замокот.

Моќниот замок на тврдината на Акропол на Линдос е нешто кое мора да се посети, бидејќи претставува втор најпосетен акропол во Грција.

Одблизу, може да се видат уникатните ѕидови и столбовите на слабиот мал храм, кој некогаш бил посветен на божицата Атина Линдија.

Куќичките на Линдос воодушевуваат со својата традиционална архитектура и едноставни украси.

За восхит тука се импозантните влезови коишто водат во дворовите расфрлани со цвеќиња, украсени со црно-бели мозаици со камчиња, чии подови со уметничко-дизајнирани обрасци им даваат посебен шарм и се усогласуваат со пределот.

Во продолжение уживајте во повеќе фотки од прекрасното селце Линдос:

Mила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа со розов песок на грчкиот остров Крит е како од разгледница (фото) Плажата Елафониси на грчкиот остров Крит е препознатлива по песокот со розова ни...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg