Рај на Земјата: Прекрасното селце Науса на островот Парос е вистинска разгледница

Сместено на северната страна на островот Парос, прекрасното рибарско село Науса е дестинација која непрекинато мами воздишки на посетителите ширум целата Земјина топка.

Raj-za-posetitelite-son-za-fotografite-prekrasnoto-selce-Nausa-na-ostrovot-Paros-e-vistinska-razglednica 01 630x330.jpg

Малото пристаниште е сон за фотографите, а светло обоената кикладска архитектура и шарените бродови на пристаништето се вистински хедонизам за човечкото око.

Белото, рибарско селце Науса е неизбежно за посетување доколку го изберете Парос, со оглед на тоа дека овој остров навистина има што да понуди.

Венецијански урнатини, широки сокаци, безброј преполни таверни покрај прекрасното сино море и дефинитивно едни од најдобрите зајдисонца.

„Посетителите на Науса, се целосно маѓепсани. Овој рибарски рај е наше мало богатство.“ – вели еден од домородците.

Ноќниот живот е прилично едноставен, опфаќа претежно барови, традиционални кафулиња и неколку ноќни клубови.

Сепак, туристичкиот акцент не целосно го обзема островот, што го прави Парос одлично место за посета за оние кои уживаат во тивки бегства во прекрасни услови.

Во продолжение повеќе фотки од прекрасното селце Науса:

Топ 5 барови во Науса:

Аgosta Bar

Linardo

Ohja

Barbarossa

Axinos

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg