Зајдисонца кои оставаат без здив – ѕирнете во прекрасната Garden of Mykonos (фото)

За убавината со која се одликува грчкиот остров Миконос навистина е излишно да се зборува.

Zajdisonca-koi-ostavaat-bez-zdiv-dzirnete-vo-prekrasnata-Garden-of-Mykonos 01 630x330.jpg

Покрај тоа што претставува асоцијација за незаборавен ноќен живот, овој кикладски бисер е познат по прекрасните бели куќички, неодоливите тесни улички, традиционалните ветерници и многубројните, живописни цркви.

Zajdisonca-koi-ostavaat-bez-zdiv-dzirnete-vo-prekrasnata-Garden-of-Mykonos 02 630x315.jpg

Во вечерните часови, градот Миконос „живнува“ во пријатните барови во таканаречената Мала Венеција и обилните клубови што се наоѓаат низ поплочените квартови.

Исто така, еден од познатите белези на Миконос се незаборавните, романтични зајдисонца – извонреден дел од денот кој не сакате да го пропуштите.

Едно од местото кое претставува врвна, хедонистичка атракција е прекрасната „Градина на Миконос“ (Garden of Mykonos).

Zajdisonca-koi-ostavaat-bez-zdiv-dzirnete-vo-prekrasnata-Garden-of-Mykonos 02 630x420.jpg

Оваa магична естетика претходно му припаѓала на познатиот Јехуди Менухин, еден од најталентираните виолинисти на 20 век, чија страст и визија за живот продолжуваат да инспирираат.

Сѐ започнало во 1962 година, кога Менухин со својата сопруга Дијана за првпат дошол во Миконос.

Во текот на многу години тие го стекнале својот замок, кој се наоѓал на истата површина каде што денес се протега бајковитата градина.

Во Garden of Mykonos можете да вкусите коктели базирани на свежи грчки билки и цвеќиња и да се освежите со домашни и сортни вина кои со себе носат енергична моќ.

Сепак, ништо не е толку бесценето како самиот спокоен амбиент за исклучување од надворешниот свет и зајдисонцата кои го одземаат здивот.

Во продолжение повеќе фотки од магичната градина на Миконос:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа со розов песок на грчкиот остров Крит е како од разгледница (фото) Плажата Елафониси на грчкиот остров Крит е препознатлива по песокот со розова ни...
Многу ветер, згради без лифтови и уште 7 негативни страни на животот во Данска + 12 позитивни Наоѓањето стан во Копенхаген или Oрхус може да биде предизвик. Не очекувајте бај...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с... „Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg