Пијат вода од реки, оброците им ги праќаат по пошта – Пар пешачи 4.800km од Мексико до Канада
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Пијат вода од реки, оброците им ги праќаат по пошта – Пар пешачи 4.800km од Мексико до Канада

Од мај годинава, Рене Милер и Тим Бесинџер патуваат пеш од Мексико до Канада, а нивната авантура ќе трае околу четири месеци, односно до крајот на септември. Тие споделуваат детали од секојдневието на ТикТок, каде што веќе станаа вистинска сензација.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-01.jpg

Рене Милер и Тим Бесинџер се пар кој тргнал на возбудлива авантура полна со многу предизвици. Моментално тие се движат пеш по патека во САД позната како Continental Divide Trail, која е долга неверојатни 4.873 километри и планираат да ја изодат целата. Оваа патека почнува од границата на Мексико и САД, а се протега до границата со Канада.

17.JPG

Рене и Милер се 33-годишни Американци кои живеат во Германија и заедно се вљубиле во планинарењето. Тим планинарел со врсници во детството, додека Рене извесен период била спортистка која често правела предизвици за издржливост, пред да се сретнат и да сфатат дека и двајцата уживаат во планинарењето.

Првата заедничка авантура со планинарење ја имале во 2014 година, а штом се вратиле дома, сфатиле дека сакаат уште. Во 2018-та добиле идеја да ја изодат познатата патека во САД што ги поврзува Мексико и Канада и сакале да ја реализираат што е можно побрзо.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-16.JPG

По многу планирање и подготовки, тие ја почнале авантурата годинава, а патувањето од Мексико до Канада ќе им трае четири месеци и планираат да стигнат до целта до крајот на септември. Да нагласиме дека парот се движи само пеш. 

Пред да тргнат на патувањето, Тим, кој сега е професор, почнал да работи со скратено време за да може да земе подолг одмор од неколку месеци. Рене, пак, си дала отказ. Бидејќи ќе бидат отсутни долг период, тие ги ставиле нивните лични работи во склад и го издаваат станот додека да се вратат.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-17.JPG

Парот го споделува необичното искуство на ТикТок, каде што веќе станаа сензација. Досега имаат над милион следбеници, на кои постојано им покажуваат како изгледа нивниот номадски живот.

Во продолжение погледнете како изгледа еден ден на овој пар, низ фотографии:

Секое утро се будат во 6:30 часот и пешачат од утро до мрак. Кога ќе почувствуваат замор и глад, прават кратка пауза за јадење, па потоа веднаш продолжуваат.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-02.JPG

Тим и Рене се обидуваат да имаат што е можно покалоричен појадок и дневно внесуваат околу 3.500 калории. Сепак, поради физичкиот напор, и двајцата ослабеле повеќе од 4 килограми од почетокот на патувањето.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-3.JPG

Во просек, дневно минуваат околу 48 километри, но велат дека не се форсираат секојпат да ја поминат таа дистанца.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-04.JPG

По пат налетуваат на секакви временски услови, во многу краток период – на почетокот имале топли денови, но како што се движат кон север температурите се снижуваат. Парот вели дека еднаш начекале и снежна бура, но и дека временските услови се едно од најтешките нешта.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-05.JPG

Секогаш кога ќе наидат на извор или река, ја користат можноста да се освежат. Имено, тие избегнуваат да носат многу вода бидејќи ранците веќе им се доволно тешки, па вистинско уживање е кога ќе налетаат на студен извор. Неретко мораат и да ја филтрираат водата што ја полнат од реки и извори.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-06.JPG

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-07.JPG

Парот обично руча на пладне, а намирници купуваат од градовите и населените места што ги посетуваат по пат. На овие места тие и се тушираат и си ја перат облеката. По ручекот парот одмара за да има енергија за втората половина од денот.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-08.JPG

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-09.JPG

Бидејќи постојано одат на нови места, на Тим и Рене никогаш не им е здодевно. Истовремено, нагласуваат дека уживаат во заедничкото друштво, а ова го прави предизвикот многу полесен. Неретко тие сретнуваат и други луѓе кои одат по патеката – досега сретнале околу 400. 

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-10.JPG

Пред зајдисонце бараат место за кампување и го местат шаторот, а голема предност им е што покрај патеката има многу места за кампување.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-12.JPG

Сепак, секојпат кога имаат можност, Тим и Рене сакаат да спијат под ѕвездите, само со вреќа за спиење.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-13.JPG

Пред спиење тие имаат обилна вечера. Пред патувањето тие подготвиле околу 100 дехидрирани оброци, богати со јаглехидрати и протеини. Интересно е што тие не ги носат оброците со нив, туку мајката на Рене одвреме-навреме им ги испраќа по брза пошта. Следното утро се подготвени за новиот ден.

par-peshachi-4-000-kilometri-od-meksiko-do-kanada-kako-izgleda-nivnoto-sekojdnevie-niz-fotografii-15.JPG

Парот вели дека е пресреќен од патувањето и дека двајцата се чувствуваат одлично.

„Многу е едноставно. Слободни сме да мислиме на што и да сакаме, а нашата единствена грижа е каде ќе го најдеме следниот извор со вода. Едноставноста на ова патување е изненадувачка и исполнувачка. Секој ден се чувствуваме како да сме си ја исполниле целта и можеме да си кажеме: ’Да, ги изодeвме денешните километри. Јадевме. Сега можеме да спиеме'“, вели парот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во Радожда - ловев риба, се качив во црквичката во карпа и не можев да се наситам од глетката“ Од утринското кафе на цветните платформи од ресторанчињата и плажата која ја има...
Кога ќе ви се смачи од ладното, едноставно резервирајте билет за Тајланд Есента и зимата се навистина убави годишни времиња, кои имаат свој посебен шарм....
Авантура долга 2.000 километри - Од Куманово до Истанбул со автомобил и куче Уште еднаш сфатив дека спонтаните одлуки донесени во животот, остануваат најдлаб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg