Истанбулска разгледница – шарената населба Балат е вистинска „ретро“ атракција вредна за посетa

Грандиозниот Истанбул располага со преку 3000 џамии, многубројни палати и музеи кои се вистински скапоцени камења и сосема ќе го обземат вашето внимание.

Istanbulska-razglednica-sharenata-naselba-Balat-e-vistinska-retro-atrakcija-vredna-za-poseta 01 630x330.jpg

Покрај овие непроценливи знаменитости, една од најпознатите области во денешната модерна ера е шарената населба Балат. Овој стар кварт исполнет со прекрасни дрвени куќи и кафулиња во боја веднаш ќе ви создаде „ретро“ вибрации.

Сепак, за разлика од останатите туристички места, Балат не е туристичка атракција, туку станбена зона во која живеат локални жители на Истанбул.

Областа ја стекна својата популарност поради шарените куќички кои одеднаш станаа омилено место на сите „инстаграмџии“, од моментот кога нивните слики почнаа да циркулираат на социјалните мрежи.

Населбата Балат се наоѓа на европската страна на Истанбул, односно на истата страна со популарните туристички атракции во Истанбул како џамијата Аја Софија, Сината џамија, Сулејмановата џамија и палатата Топкапи.

Слично како и остатокот од Истанбул, подгответе се за искачувања и спуштања низ целата област.

Шарените куќички претежно доминираат во жолта, портокалова и сина боја. Уличките се живописни, исполнети со слатки, минијатурни украсени кафулиња и антикварници. 

Некои од продавничките се дури и под земја, но сопствениците во континуитет добро ги одржуваат и украсуваат.

Старите и 'рѓосани ѕидови на областа се прекрасно насликани со графити од локалното население. Се чини дека жителите на Балат се прилично креативни луѓе кои ги сакаат боите.

Има шарени скали наречени скали на виножито, кои наводно биле насликани од локалното население бидејќи сакале областа да изгледа убаво и колоритно.

Виулица од луѓе и фотосесии од сите можни агли. За да се постигне совршен агол луѓето дури го блокираат влезот на нечија куќа, така што го забораваат фактот дека тие згради се пред сѐ домови на луѓе, а не јавни споменици.

Освен неодоливите, шарени куќички причината за големата популарност на населбата Балат е што на истата локациски се снима познатата турска серија „Чукур“.

Во продолжение повеќе фотки од прекрасната, колоритна населба:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...

Најчитани неделава