Трка со камили и „зип-лајн“ помеѓу облакодери – 4 забавни работи кои може да ги направите во Дубаи доколу го посетите (фото)

Доколку размислувате за одмор во Дубаи, надвор од сите вообичаени туристички знаменитости, постојат многу интересни активности што може да ги искусите додека сте во посета на скапоцениот камен на ОАЕ.

4-zabavni-atrakcii-vo-Dubai-01.jpg

Посетата на вештачкиот остров „Палма“ како и глетката кон Бурџ Калифа се неизбежни, но постојат и многу други атракции кои треба да ги пробате во овој град.

„Дубаи рамка“

Дизајнирана да ја покаже врската помеѓу стариот и новиот град, пустината и модерните градби, ова е најголемата градба во облик на рамка во светот.

„Dubai Frame“ нуди неверојатен поглед кон градот. За само десет евра, туристите можат да влезат и да уживаат во панорамата низ стаклото.

„Глобално село“

Надалеку познато, а дури кога ќе влезете внатре сфаќате колку е навистина големо и е сè, освен „село“.

Според некои, Глобалното село во Дубаи е најголемиот туристички, рекреативен, шопинг и забавен центар во светот. Отворен е од ноември до мај.

„Зип-лајн – Xline“

Кој не се плаши од висина може да „лета“ над облакодерите во Дубаи. Xline е најдолгата и најбрзата зип-линија во светот.

Долга е 170 m и на неа се достигнува брзина од 80 km/h. Возењето започнува во Jumeirah Beach Residence и трае сè до пристаништето во Дубаи.

„Трки со камили“

Во Емиратите, жителите се особено горди на камилите и ги сметаат за најдобрите животни.

Мармун е местото каде што може да гледате трки со камили. Трките траат од 7 до 9 часот наутро.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Тиркизна вода, природна сенка: Скриена плажа во близина на Макарска ја споредуваат со Дубаи (фото) Плажата Велика Дуба се наоѓа во општината Живогошќе, во близина на Макарска. Мож...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg