Легендата за настанувањето на „Пелистерските очи“ – најголемото македонско богатство кое го одзема здивот

На убавината што природата им ја подари на планината Бабa и на врвот Пелистер можат да ѝ позавидат многу познати и популарни светски дестинации. Затоа што, тоа што го има Пелистер го нема никаде во светот.

Legendata-za-nastanuvanjeto-na-Pelisterskite-ochi-najgolemoto-makedonsko-bogatstvo-koe-go-odzema-zdivot 01 630x330.jpg

Таму горе во небесната прегратка, на нејзините падини љубоморно се кријат две влажни солзи, две леднички езера наречени „Пелистерски очи“. Глетката на овие бистро сини или темнозелени води го одзема здивот на ретките планинари, спортисти и туристи.

Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 метри, со должина од 223 метри и широчиња од 162 метри, со длабочина од 14,5 метри. Малото Езеро се наоѓа на 2.180 метри надморска височина, должина од 79 метри, широчина од 68 метри и длабочина од 2,6 метри.

Оддалечено е само два километри од Големото Езеро, но тие никогаш не можат да се видат заедно. Зошто?!

Легендата вели дека овие горски очи биле солзи на две сестри кои се заљубиле во ист човек – Пелистер (синот на сонцето).

Нивната мајка Гаја забележила дека двете ќерки сакаат исто момче, па им рекла: „Мили и сакани мои ќерки, ова вака повеќе не оди. Гледам дека и на Пелистер му е тешко да одлучи која од вас да ја избере за своја љубена и да ја поведе со себе. А и Сонцето ми напомена дека со нетрпение го очекува својот син да се врати назад. Затоа, двете ве молам, одете на врвот од планината и сами одлучете која од вас ќе појде за него. И не враќајте се додека не одлучите за тоа“.

Двете сестри ја послушале мајка си, но никако не можеле да се договорат која од нив да замине со Пелистер. Поради заемната сестринска љубов, и постарата и помладата сестра сакале да се жртвуваат – со цел другата да оди.

Тие со часови и часови се молеле една со друга, знаејќи дека не смеат да се вратат дома без да донесат одлука. Најпосле, од немоќ и од тага солзите сами почнале да им течат од очите.

Плачеле со денови и ноќи, плачеле сè додека не ги исплакале сите свои солзи за оваа Земја и за прекрасниот Пелистер и на крај се претвориле во две планински езера - едното сино и поголемо, а другото зелено и малку помало - денес наречени „Пелистерски очи“.

Во чест на старата мајка Гаја што живеела таму со своите прекрасни ќерки, планината го добила името Баба.

Во длабочината на езерата се зачувани ретки видови ракови и водоземци, а нивен постојан жител е и пелистерската поточна пастрмка. Студената вода е спас за жедните мечки, кози, волци и диви коњи.

Во продолжение за вас издвојуваме повеќе разгледници од совршените „Пелистерски очи“:

https://www.instagram.com/p/ChS07O8Lpx6/

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Вранско Езеро во Хрватска - уникатна дестинација со неверојатен поглед (фото) Сместено во близина на морето и опкружено со чудесна природа, Езерото е дом на и...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg