Матка ми е едно од најубавите места во моето Скопје и секогаш кога имам странци на гости ја посетуваме, но никогаш не ми текнало за пикник на Матка средлето. Секогаш ја посетувам или во есен, или на пролет. И искрено, таму полесно се дише, веднаш се почувствува разлика во температурата, а таа дебела сенка е одлична за релаксирање.