Зошто моето дете не може да задржи внимание на игра повеќе од 4-5 минути?


Зошто моето дете не може да задржи внимание на игра повеќе од 4-5 минути?

Честопати родителите се прашуваат зошто децата не си играаат подолго, зошто не си играат со часови со новата играчка, зошто не знаат да се заиграат сами подолго...

zosto-moeto-dete-ne-moze-da-zadrzi-vnimanie-na-igra-poveke-od-4-5-minuti-01.jpg

На темата концентрација кај децата, ни пишува логопедот Симона Василеска Николовска.

Концентрацијата е способноста психички да се собереме и насочиме кон одредена цел. При тоа исклучувајќи ги сите пречки од околината.

Разликуваме насочување и задржување на вниманието односно концентрацијата.

За да можеме да следиме некое случување или да учествуваме во некоја активност, потребно ни е да се насочиме кон целта, на она што е важно за извршување на задачата и да се задржиме на тоа.

Сите ние се соочуваме со недостаток на внимание и концентрација во дадени ситуации. Еден пример е кога читаме книга и мислите ни одлетуваат толку, што кога ќе запреме со читање не знаеме што сме прочитале.

Концентрацијата треба да се развива од најраната возраст. Уште од првите денови од животот на бебето, околу неговото креветче се поставуваат слики со силни контрасти, на пр.: Црно бели едноставни геометриски фигури. Со овие слики го поттикнуваме бебето да ги следи и да го задржи вниманието на сликите.

Како расте детето, тоа така ја развива контролата на вниманието и се зголемува неговото времетраење, додека се намалува леснотијата со која се одзема вниманието.

Од тука, доаѓаме до заклучок дека вниманието не е нешто со кое се раѓаме, туку е резултат на созревање и учење.

За да имаме некоe очекување во однос на детското внимание, потребно е да ги имаме податоците за детското внимание по возраст.

zosto-moeto-dete-ne-moze-da-zadrzi-vnimanie-na-igra-poveke-od-4-5-minuti-03.jpg

Доенчињата го насочуваат своето внимание со тоа што се вртат кон изворот на звук или со гледање во предметите. Помалите доенчиња гледаат во предметите подолго време, од причина што им е потребно повеќе време за да ги препознаат. Доенчињата исто така повеќе внимание обрнуваат на звуците кои ги слушаат отколку на она што го гледаат.

2- годишните деца може да го задржат вниманието на одредена активност до 2 минути кога имаат поддршка и помош од возрасните, додека кога сами си играат, траењето на вниманието е 1 минута.

Вниманието кај детето зависи и од самиот темперамент на детето. Некои дечиња се природно истражувачи и сакаат кога ја истражуваат околината, додека други се срамежливи и резервирани и им е потребна помош за да го запознаат просторот.

Показателите кои ни даваат до знаење дека кај детето постои потешкотија во концентрацијата се:

  • Лесно одвлечено внимание
  • Расеаност
  • Мислите се брзи и „летаат“
  • Прави непромислени грешки

zosto-moeto-dete-ne-moze-da-zadrzi-vnimanie-na-igra-poveke-od-4-5-minuti-04.jpg

Како може да придонесеме за да ја подобриме способноста за концентрација кај детето?

  • Да му овозможиме добар сон
  • Да се создадат прилики за дневни паузи и одмор од обврски
  • Да му се овозможи на детето престој на свеж воздух и природна светлина
  • Ограничете го времето поминато пред екрани
  • Внимавајте на исхраната, таа треба да биде богата со свежо овошје и зеленчук, масни киселини, витамините и минералите се од големо значење за правилно функционирање на детскиот мозок.
  • Редовна физичка активност
  • Читајте книги

Покрај бројните бенефити, читањето е добро и за развивање на детското внимание. Читајте им на децата од најрана возраст. Тоа им помага да изградат способност да се фокусираат. 

1. Правете интересни активности

Ако сакате детето да биде фокусирано на задачата која сте му ја поставиле, потрудете се тоа да биде задача која го интересира и со задоволство ќе ја заврши. Дури доенчињата па и возрасните се заситуваат од постојано исти работи.

2. Намалете ги дистракциите

Кога сакате детето да се фокусира или да вежба фокусирање на задача, осигурајте се дека околу вас е мирно и нема многу нешта кои може да му го одземат вниманието на детето. Колку покомплицирана е задачата кооја треба да ја изврши, толку помалку случувања треба да има околу детето.

3. Играјте игри

Голем е бројот на игрите кои може да помогнат во градењето на вниманието кај детето. Една од тие игри е добро познатата меморија. Детето треба да се фокусира на картичките за да го најде парот кој соодветствува.

4. Објаснете му на детето како изгледа вниманието

Понекогаш правиме грешка, мислејќи дека детето го разбира она кое го бараме од него. Но, тие не знаат што значат внимание, фокус и концентрација.

Еден од начините на кои може да му го објасните овој процес на детето е : „ Вниманието се 5 нешта (како 5 прстиња на раката, кои ги покажувате кон детето): очите да ме гледаат мене, усните молчат, телото е смирено, твоите ушиња слушаат, а носето дише“, па така, кога сакате детето да го насочи неговото внимание, покажете му ја дланката со петте прсти и побарајте од него да го почитува правилото на 5 нешта.

Вежбајте почнувајќи од едноставни работи како на пр.: Му кажувате на детето проста реченичка која подоцна барате од него да ја повтори.

Вниманието е нешто кое се развива низ секојдневните активности. Извршувајте активности каде ќе го развивате вниманието и концентрацијата кај детето секојдневно!

Логопедот Симона В. Николовска може да ја следите на Инстаграм на @srekjickaofficial

Би можело да ве интересира:

Зошто децата до 1 година не треба да го поминуваат времето пред екрани? Благодарение на напредокот на технологијата, денес луѓето можат да направат мног...
Бебе научило да кажува „мама“ на 3-месечна возраст (видео) Уште едно бебенце со своите напредни вештини го воодушеви светот. Се сеќавате ли...
И на децата им треба време за себе - како мајка му помага на синот да се опушти по училиште? 8-годишното момче се соочувало со проблеми и стрес на училиште, а неговата мајка...

Најчитани неделава