До која возраст може да се толерира неправилниот изговор на гласовите кај децата?

Пореметувањето во изговорот на гласовите С, З, Ц, Ѕ, Ч, Џ, Ш, се нарекува сигматизам.

do-koja-vozrast-moze-da-se-tolerira-nepravilniot-izgovor-na-glasovite-kaj-decata-01 (1).jpg

Сигматизмот се јавува во неколку облици и тоа во омисија - кога изговорот изостанува, односно изговорот на гласовите се испушта, супституција- кога гласовите се заменуваат со гласовите Т и Д,  дисторзија -  кога постои артикулационо - акустично отстапување при изговорот на гласовите.

Најчесто отстапување во изговорот на гласовите е дисторзијата, каде тие се изговараат:

интердентално кога при изговорот на гласовите врвот на јазикот се поставува помеѓу горните и долните секачи- протрузија.

- латерално кога постои специфично шушкање, а воздушната струја наместо низ средишниот јазичен жлеб, струи унилатерално или билатерално во правец кон внатрешноста на образите.

- снортинг – назален сигматизам – каде што воздушната струја струи кон носната шуплина. Овој начин на изговор се разликува од оној кај ринлалиите.

Она што е важно да се знае е дека секој од гласовите има свое време на формирање.

Во прилог е табелата во која може да видите на која возраст, кои гласови треба да се формираат.

do-koja-vozrast-moze-da-se-tolerira-nepravilniot-izgovor-na-glasovite-kaj-decata-02.jpg

Возраст според која се толерира неправилен говор:

do-koja-vozrast-moze-da-se-tolerira-nepravilniot-izgovor-na-glasovite-kaj-decata-03.jpg

Границата до која може да се толерираат неправилностите на изговорот е периодот пред самиот почеток на училиште кога детето треба правилно да ги изговори сите гласови.

Доколку детето не ги изговори правилно сите гласови во предвиденото време, треба да се побара мислење и совет од логопед.

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм.

Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитајте и: „Моето дете има две години и сè уште не зборува“ - на прашање од родители одговара логопед Симона В. Николовска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Не ги плашат со Баба Рога: Како Јапонците ги воспитуваат децата секогаш да бидат мирни и учтиви? На нивниот начин на вопитување се воодушевува целиот свет. Јапонците не се служа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg