„Моето дете има две години и сè уште не зборува“ - на прашање од родители одговара логопед Симона В. Николовска

Едно од најчестите прашања кои стигнаа во нашата редакција се од родители чии деца на возраст од околу 2 години сè уште не зборуваат - или комуницираат само со неколку зборови.

moeto-dete-ima-2-godini-i-se-uste-ne-zboruva-na-prasanje-od-roditeli-odgovara-logoped-simona-v-nikolovska-01.jpg

Логопедот Симона В. Николовска одговара на ова прашање:

Во периодот од 18-24 месец на детето, тоа треба да ги има совладано следните вештини:

1. Извршува инструкции и го разбира говорот и јазикот.

2. Фонд на зборови 50, кои се нејасно изговорени.

3. Именува секојдневни познати предмети

4. Присутна ономатопеја – имитира звуци „Мјау“-за маче, „Брм“- за автомобил

5. Почнува да прави едноставни комбинации од два збора „Мама дај“

Не постои магично стапче кое ќе направи детето да прозбори, ниту пак ќе Ви помогнат муабетите и лажните утехи кои ги слушате од најблиските личности, дека е детето мало и дека ќе прозбори само по себе, одеднаш ќе прозбори и „Уста нема да затвори“ и сл.

Родителите кои се соочуваат со ваков проблем кај своите дечиња, не треба да бидат ниту преоптеретени со ситуацијата, ниту пак да ја занемарат.

moeto-dete-ima-2-godini-i-se-uste-ne-zboruva-na-prasanje-od-roditeli-odgovara-logoped-simona-v-nikolovska-02.jpg

Секогаш велам, најдобро е да се направи логопедски преглед. Зошто логопедски преглед?

Затоа што на самиот преглед, логопедот прави опсервација на целокупното однесување на детето, го следи развојот на фините и грубите моторни вештини,  ги анализира вештините кои се очекува да бидат веќе стекнати на таа возраст, разговара со родителите и зема анамнестички податоци, како:

Бременоста на мајката, пораѓај, рани трауми, користење на токсични материи или медикаменти, се гледа социјалниот статус, генетскиот статус, раниот раст и развој во доенечкиот период, доколку логопедот смета, се прави и испитување на слухот.

Потоа се утврдува говорната стимулација која ја добива детето, дали таа е соодветна, времето на изложеност пред електронски уреди итн.

Бројни се анамнестичките податоци кои му се потребни на еден логопед, за да го утврди развојот на говорниот статус кај детето.

Не ретко се случува, отсуството на говорот да биде само еден од симптомите на одредена развојна состојба кај детето, па чекајќи се испушта значајно време за навремено дијагностицирање и рехабилитација.

Советот е секогаш навремено детето да биде прегледано од логопед, кој после направениот преглед ќе даде свое мислење, совети и насоки што да преземат родителите на детето кои има задоцнет говорен развој.

Бројни совети за говорна стимулација може да најдете на Инстаграм профилот на логопедскиот кабинет Среќичка, дополнително може да се консултирате за Среќичка водичот наменет за late talkers.

Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитајте и: Игри за стимулација на говорот кај децата со логопед Симона В. Николовска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
10 совети како да израснете независни деца (ќе ви бидат благодарни еден ден) Поттикнете ги да преземат предизвици, дури и кога постои реална можност за неусп...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...

Најчитани неделава