Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации

Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните деца или, пак, со повозрасните кои сметаат дека знаат сѐ? Што можете да направите како родител за да се заштитите себеси, но и сопственото дете?

soveti-kako-da-se-spravite-so-nesakanite-soveti-za-decata-niz-ilustracii-01_copy.jpg

Секој родител се соочил со ситуација во која некој друг доаѓа и се обидува да го советува како да го одгледува своето дете или да го наметнува својот начин на воспитување како најдобар.

Свесни сме дека луѓето немаат поим со што се соочуваме и дека сите деца не се исти и дека таквите совети најчесто не се корисни, туку само нѐ вознемируваат.

Како да се справите со луѓето што сакаат да ви „солат памет“ за одгледувањето на децата?

Можеби следните трикови ќе ви бидат од корист:

Кога некој сака да го гушка и да го бакнува вашето дете, а тоа не сака

Ние, како возрасни, знаеме да држиме дистанца и да ги избегнуваме луѓето што доаѓаат да нѐ прегрнуваат и да нѐ бакнуваат без дозвола.

Истото важи и за децата, но тие од вас како родител очекуваат да застанете и да ги заштитите, а не да ги терате сосила да ја бакнат личноста што не им се допаѓа само за вие да не се чувствувате непријатно.

Затоа, сосема слободно можете да ѝ кажете на личноста дека вашето дете сака да го остават и да не го прегрнуваат.

soveti-kako-da-se-spravite-so-nesakanite-soveti-za-decata-niz-ilustracii-02.jpg

Кога повозрасните сметаат дека знаат сѐ

Во минатото нѐ учеа дека повозрасните знаат сѐ и заради тоа треба да ги слушаме. Нашите мајки понизно ги слушале советите на случајните минувачи или сосетки само затоа што се повозрасни и помудри.

Денес, годините веќе не се мерило за мудрост и заради тоа не значи дека советите што некој повозрасен ви ги дава се секогаш правилни.

Сосема е нормално да ги занемарите советите од луѓето што сметаат дека знаат сѐ само затоа што се повозрасни.

soveti-kako-da-se-spravite-so-nesakanite-soveti-za-decata-niz-ilustracii-03.jpg

Кога некој родител сака да ви нагласи дека неговото дете е подобро од вашето

Најдобро е да го избегнувате контактот со таквите луѓе.

Најчесто е невозможно да ги натерате да замолкнат, а не се ни свесни дека критиките и советите што ви ги даваат негативно влијаат врз вашата самодоверба како родител.

soveti-kako-da-se-spravite-so-nesakanite-soveti-za-decata-niz-ilustracii-04.jpg

Кога други коментираат за однесувањето на вашето дете

Ако некогаш ви се случи некој да не ви се обрати вам, но со потсмев да ја коментира ситуацијата во која што сте се нашле, потрудете се да изброите до 10, да не се вознемирувате и да не реагирате бурно.

Наместо тоа, обидете се да се пошегувате на сопствена (или на нивна) сметка и прифатете дека понекогаш луѓето не се свесни дека се непристојни.

soveti-kako-da-se-spravite-so-nesakanite-soveti-za-decata-niz-ilustracii-05_2.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава