„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за родителите

„Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата им забрануваат телефони и видео игри, а истовремено не се одвојуваат од своите апарати“ – српски психијатар ги означи најголемите проблеми заради кои децата се зависници од мобилни телефони и од материјалното богатство, наместо од знаењето.

srpski-psiholog-do-roditelite-nauchete-gi-decata-da-ne-se-falat-so-novi-patiki-tuku-so-znaenje-01.jpg

Српскиот психијатар Ивица Младеновиќ важи за еден од најдобрите тамошни психолози којшто воглавно се занимава со зависности, па оттаму и со деца кои имаат проблеми со екранизам и зависности од мобилни телефони и видеоигри.

srpski-psiholog-do-roditelite-nauchete-gi-decata-da-ne-se-falat-so-novi-patiki-tuku-so-znaenje-02.jpg

Тој во гостувањето во поткастот Mamazjanija нагласи дека првите симптоми на зависност кај децата се јавуваат рано, но за жал родителите ги забележуваат доцна.

Според него, она што е главен проблем е заедничкото време на родителите и децата, што сѐ почесто изостанува.

„Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, да играат друштвени игри, заедно да цртаат, да читаат, по напорниот работен ден да влезат насмеани, колку и да им е тешко, родителите на децата им забрануваат телефони и видео игри, а истовремено не се одвојуваат од своите апарати. Моделот е важен, не разговорот“ – појаснува психијатарот.

srpski-psiholog-do-roditelite-nauchete-gi-decata-da-ne-se-falat-so-novi-patiki-tuku-so-znaenje-03.jpg

Освен што зборуваше за зависностите, психијатарот се осврна на уште еден длабок проблем во семејните односи, а тоа е начинот на којшто погрешно се обидуваме да му помогнеме на детето да го пронајде своето место меѓу соучениците.

Еден сегмент од неговите одговори привлече огромно внимание на социјалните мрежи, а тоа е како родителите сами си задаваат, според него, погрешни приоритети, па ги учат децата да станат зависни од материјални богатства.

„Перо има такви патики, Мика има такви патики, сакам и јас такви... А тој истиот родител работи за плата од 50-60.000 динари, а патиките чинат 25.000 динари.

Што да прави?

Дали да почне да работи на уште едно работно место и да не го помине времето со детето или да каже: ‘сине, ќерко, ќе ти купам патики од 2.000 динари, но ние заедно ќе си играме ‘Монопол’, ‘Не лути се човеку’ итн.’

srpski-psiholog-do-roditelite-nauchete-gi-decata-da-ne-se-falat-so-novi-patiki-tuku-so-znaenje-06.jpg

Довербата е круцијална, системот на вредности се стекнува во семејството.

Знаете, ако детето има мошне јасен систем на вредности, детето ги гледа родителите...

Ако родителите насмеани влегуваат во домот, и кога ќе влезат во домот ќе речат:

‘Ајде сега. Што ќе цртаме, да видиме што имаме за домашна, ајде малку да поработиме.

Не јас да ти ја напишам домашната задача (како што прават 99 отсто од родителите), туку да видиме што имаме за домашна, што тебе не ти е јасно, па ти ќе ја напишеш домашната задача’...

Е тогаш имаме можност тоа дете да има самопочит и да сфати дека тоа нема да биде главно во друштвото со патиките, туку со своето знаење од областа на географијата, историјата, математиката итн.“ – вели Младеновиќ.

srpski-psiholog-do-roditelite-nauchete-gi-decata-da-ne-se-falat-so-novi-patiki-tuku-so-znaenje-05.jpg

Голем дел од родителите се сложуваат со неговото мислење, па велат дека им се случувало да прифатат помалку платено работно место, но да имаат повеќе време за децата, а има и такви што не гледаат ништо лошо во тоа што обезбедуваат солидни финансии, иако немаат време за домот и семејството.

Што мислите вие? Подобро ли е да немаме време за децата, но да не дозволиме тие да отскокнуваат од средината заради евтината облека, или пак да ги научиме дека и соништата немаат цена и дека на крај знаењето секогаш се исплати?

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...

Најчитани неделава