Мудра приказна: Зошто нашите најблиски ни стануваат толку тешко подносливи во староста?

„Постојат два периода во животот кога човек станува тежок за најблиските. Можеби тоа е начин да се направи разделбата поподнослива. Првиот пат тоа е во младоста, кога адолесцентите стануваат бунтовни непосредно пред да го напуштат домот на нивните родители...“

mudra-prikazna-zoshto-nashite-najbliski-ni-stanuvaat-tolku-nepodnoslivi-vo-starosta-01.jpg

Еднаш прашав една многу блиска личност:

„Зошто нашите најблиски ни стануваат толку неподносливи во староста? Токму оние кои нè познаваат најдобро, кои ги знаат сите наши слаби точки - нè удираат токму онаму каде што најмногу боли.

Понекогаш со неверојатна прецизност, како намерно да го прават тоа, и со чудна љубопитност гледаат како се кршиме“.

А таа мудра личност ми одговори:

„Знаеш, постојат два периода во животот кога човек станува тежок за најблиските. Можеби тоа е начин да се направи разделбата поподнослива.

Првиот пат тоа се случува во младоста, кога адолесцентите стануваат бунтовни непосредно пред да го напуштат домот на нивните родители.

Толку ги исцрпуваат со своето однесување, што родителите, наместо да се тажни, честопати чувствуваат олеснување кога детето конечно ќе замине и ќе почне самостоен живот.

Нежните врски постепено пукаат, па разделбата веќе не боли толку многу.

mudra-prikazna-zoshto-nashite-najbliski-ni-stanuvaat-tolku-nepodnoslivi-vo-starosta-03.jpg

Истото се случува и во староста. Природата на тој начин нè подготвува за последното збогум.

Колку е потешка и понеподнослива блиската личност во последните години, толку е помалку болно збогувањето.

Врските се кинат малку по малку уште во текот на животот, а на крајот останува само чувството на должност, додека нежноста полека избледува.

Но, најтешко им е на оние кои и во двата случаја успеваат да ја зачуваат таа нежност.

Затоа што, понекогаш, токму таа ги крши животите“.

mudra-prikazna-zoshto-nashite-najbliski-ni-stanuvaat-tolku-nepodnoslivi-vo-starosta-02.jpg

Извор

фото: Freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава