Совети за родители: Како да му помогнете на детето кое изгубило пријател?

Внимателно слушајте го кога зборува за починатиот пријател, но истовремено не го притискајте да разговарате доколку не сака.

soveti-za-roditeli-kako-da-mu-pomognete-na-deteto-koe-izgubilo-prijatel01.jpg

Во животот, на сите ќе ни се случи да изгубиме сакана личност.

Но, никој не очекува да изгуби пријател во младоста, уште помалку додека е тинејџер или дете.

Животот не е секогаш фер и некои мораат да се соочат со смртта на својот близок пријател уште додека се многу млади.

Ако сте родител на дете кое изгубило пријател, сигурно ве интересира како можете да му помогнете во овој кризен период.

Од помош ќе ви бидат и следните совети:

Дајте му простор да ги сподели своите емоции

Секој реагира различно кога се соочува со смрт на блиска личност, а ова важи и за децата и младите.

Некои плачат, некои поставуваат прашања, некои не покажуваат никаква реакција. Важно е да знаете дека не постои погрешна и правилна реакција.

Ако вашето дете не е подготвено да разговара, не го притискајте.

Доколк ви поставува прашања – одговорете ги соодветно на неговата возраст.

Ако сака да зборува за загубениот пријател, дозволете му без да го прекинувате.

Кажете му што може да очекува

Ако станува збор за помало дете, објаснете му дека ќе треба да одите на погреб.

Пробајте да му објасните и што претставува погребот, дека тоа ќе биде како испраќање со саканата личност.

Кажете му дека на погребот е нормално и да заплаче ако сака.

soveti-za-roditeli-kako-da-mu-pomognete-na-deteto-koe-izgubilo-prijatel-03.jpg

Дајте му можност да се потсети на пријателот

Ако детето е расположено да разговара за изгубениот пријател, помогнете му да се присети на убавите сеќавања со него.

Кажете му дека иако пријателот не е овде, сеќавањата засекогаш ќе останат со него.

Дајте му време на детето да тагува

Откако ќе помине одреден период и детето уште тагува, никако немојте да му велите дека е време да ја надмине тагата.

Дозволете му да тагува колку што нему му е потребно.

soveti-za-roditeli-kako-da-mu-pomognete-na-deteto-koe-izgubilo-prijatel-02.jpg

Држете се до некоја дневна рутина

Обврските во текот на денот можат да бидат од помош кога некој е соочен со тага и лоши мисли.

Па, потрудете се детето да има некаква рутина.

Секако, не го форсирајте да го дава најдоброто од себе и дајте му време да закрепне, но истовремено не дозволувајте да седи само во својата соба по цел ден.

Побарајте помош

Воопшто не е лесно да утешите дете кое тагува по својот пријател.

И  секогаш е добро да побарате и стручна помош.

Психијатрите и психолозите се експерти кои ќе му помогнат на детето да ги разбере своите чувства и со текот на времето полесно да се справи со загубата на саканиот пријател.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава