„Мајка ми и јас сме бремени во исто време - пресреќни сме“

„Мајка ми и јас го живееме нашиот сон! Двете сме бремени со девојчиња. Таа е во 32-та недела од бременоста, а јас сум во 22-та недела“, вели Аника од САД, која е ќерка на инфлуенсерка што го очекува своето 11-то дете и промовира семејни вредности. За Аника ова е прва бременост.

majka-mi-i-jas-sme-bremeni-vo-isto-vreme-presrekjni-sme-01_copy.jpg

Мика Рајт Пери (46) од САД е инфлуенсерка, модна дизајнерка и мајка на 10 деца, позната по нејзиниот Инстаграм профил @vintagevsvogue.

majka-mi-i-jas-sme-bremeni-vo-isto-vreme-presrekjni-sme-03.jpgMajката

Таа е сестра на Хана Нилман, исто така инфлуенсерка позната преку профилот Ballerina Farm, со 10 милиони следбеници.

Прочитајте и Бајковит живот на село: Градска девојка живее на фарма со сопругот и 7-те деца - молзи крави, си меси леб

Мика во февруари 2025 година објави дека го очекува единаесетто дете, поточно седма ќерка, која треба да се роди во јули.

Таа е активна во промовирање на семејните вредности, животот на отворено во Јута и традиционалните улоги на мајка и сопруга.

Мика често споделува моменти од нејзиниот живот, вклучувајќи модни креации, семејни активности и искуства поврзани со мајчинството.

Во брак е со д-р Џастин Пери, стоматолог.

Но, интересно е што оваа бременост ѝ се случува во исто време со бременоста на нејзината ќерка Аника Пери Гастин, која е на почетокот од своите 20-ти години.

majka-mi-i-jas-sme-bremeni-vo-isto-vreme-presrekjni-sme-04.jpgЌерката

Тие снимија забавно видео со труднички стомаци, во чиј опис Аника вели:

„Мајка ми и јас го живееме нашиот сон!

Двете сме бремени со девојчиња.

Таа е во 32-та недела и ги брои деновите до средбата со своето мало.

Јас сум во 22-та недела и штотуку почнувам да ги чувствувам првите нежни удари.

Двете носиме нов живот, растеме заедно, рамо до рамо, на оваа прекрасна патека наречена бременоста.

Благодарна сум што ја имам мајка ми покрај себе - да ѝ поставувам прашања, да ги споделувам своите стравови со неа и заедно да се подготвуваме за породувањето.

Таа отсекогаш ми била потпора и водилка. Благодарам што ми покажа што значи да се биде трпелива и полна со љубов мајка.

Едвај чекам да ги запознаеме нашите малечки девојчиња!“

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg