10 фрази кои родителите ги кажуваат несвесно, а ги „прогонуваат“ децата и кога ќе наполнат 30 години (низ илустрации)
Секоја генерација носи невидлив товар - зборови слушнати од своите родители, кои се збунувачки и кажани со потценување...

Сте се запрашале ли некогаш зошто ви е тешко да донесете некоја одлука? Или зошто се сомневате со себе?
Според психолозите, виновници за ова се родителите, кои свесно или несвесно, со зборовите што ви ги кажувале во детството, направиле да не си верувате на самите себе, иако сте возрасни за самите да носите важни одлуки.
Кои се тие ситуации и зборови што ве кочат и спречуваат да одите напред, самостојно?
Колку пати сте слушнале дека сте згрешиле, дека не е ваша работа да размислувате, туку да слушате? Колку пати ве критикувале непотребно?
Важно е родителите да бираат зборови, зашто тоа се одразува на децата и останува во нивната глава.

Се сеќавате ли на она неубаво чувство кога мораше да го изедете и последното залче за да може да станете од масата?
Колку и да делува наивна оваа „казна“, кај многу луѓе, кога ќе пораснат, предизвикува контраефект - прејадување или барање утеха во храната.

Ако во детството ве терале да чистите со сила, таа „навика“ најверојатно ја имате и кога ќе наполните 30+ години.
Па наместо да се одморите по напорниот ден - првата помисла ви е дека мора да исчистите сè, дури потоа да си дадете оддишка.

Родителите, со добра намера, често им даваат совети на децата, но не се потрудат да објаснат зошто им го кажуваат тоа или ги тераат да направат нешто.
„Ќе дознаеш кога ќе пораснеш“ не е соодветен одговор, туку збунувачки и може да има контраефект.

Кога детето плаче поради скршена играчка, зашто за него тоа е катастрофа, многу мајки трчаат да го смират и да му ги избришат солзите.
Но, некои мајки наместо да го утешат детето избираат друг пристап - прекор за ќерката или синот дека прават драма непотребно.
Ова може да предизвика многу проблеми во иднина, па личноста да не може или да не знае како да ги покаже своите чувства.
