10 фрази кои родителите ги кажуваат несвесно, а ги „прогонуваат“ децата и кога ќе наполнат 30 години (низ илустрации)
Кога сме мали, родителите ни купуваат облека, а во некои случаи тие им помагаат на децата да изберат што ќе носат и кога се во тинејџерските години.
Поради ова, многу деца кога ќе пораснат се толку неодлучни, што им требаат часови за да изберат помеѓу две парчиња облека.
Но, факт е дека оваа неодлучност не е само во однос на облеката, туку и за многу други работи во животот.

За многу деца родителските средби се вистинско кошмар кој почнува уште пред родителите да отидат на училиште, поради коментарите од мајката или таткото за тоа „што ги чека кога ќе се вратат, ако бидат посрамотени пред целиот клас“.
Овој притисок останува врежан кај многумина, па поканата за разговор кај некој професор или кај претпоставениот е толку голем стрес што веднаш помислувате на најлолошото - сте паднале на испит, ќе ве отпуштат од работа, ќе ве казнат...

За децата кои растат најлоши се споредбите со другите деца. Речениците од типот „Види ја Оливера веќе знае да чита, ти што чекаш?“ или „Трапав си како вујко ти Игор“ влијаат лошо на детската самодоверба.
Токму затоа, кога ќе станат зрели личности, повеќето од овие луѓе се потценуваат себеси.

Порано многу родители користеле фрази како „Не сакаш мама да плаче? Не сакаш тато да е тажен, нели?“
Но, токму поради овие фрази и притисоци, некои луѓе и кога ќе се осамостојат, ги прифаќаат работите што им пречат, а само за да не се замерат со родителите.

Кога родителот ќе го стави детето во центарот на својот свет, тоа станува еден вид на стапица за детето - да смета дека не може да живее без својата мајка или татко, или да го води животот така што и родителите му се во центарот на вниманието.
Како резултат на ова, кога ќе порасне, истото тоа дете не може да изгради здрава врска, зашто не верува никому освен на родителите или почнува нов живот, но и понатаму останува „мамин син“ или „татина ќерка“.

А. Ј. | Црнобело