„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со децата“
Кога му кажав на сопругот дека сакам да ја напуштам работата, ме поддржа.
Со тоа што се откажав од работата, требаше да внимаваме на трошоците и тоа значеше помалку излегувања, поевтини намирници и без одмори во странство за почеток.
Но, вреди.
Многу мајки ми рекоа дека посакуваат и тие да можат да го направат ова.
Јас сѐ уште работам, но само 12 часа неделно како продавачка.
Ми недостасуваше комуникација со возрасни луѓе и сакав нешто што ќе ме одвлече малку од мајчинството.
И најубавото ми е што кога ќе завршам со смена, не мислам повеќе на работата.

Не ми е срам ако некој од мојот „стар живот“ ме види како продавачка, јас не се кријам и не се срамам.
Нашата нова реалност се сведува на тоа дека готвиме дома, правиме научни експерименти, одиме на прошетки во природа, имаме исполнети денови, без да трошиме премногу.
Навистина пропуштив многу со Теди кога беше мал, а сега можам да го надоместам тоа и истовремено да не испуштам ниту еден момент од детството со Лоти.
Порано сѐ ми беше фокусирано на работа, но се променив.
Во ред е да признаете дека сакате поинаков живот.
Нема да работам засекогаш како продавачка, но не верувам дека ќе се вратам на некоја премногу стресна работа, која нема да ми остави време со децата“.
С. С. | Црнобело
