5 знаци дека имате токсичен однос со свекрвата (и како да го поправите)

Постојано слушате суптилни замерки, а и честопати се споредува со вас со цел да ве омаловажи.

5-znaci-deka-imate-toksichen-odnos-so-svekrvata-i-kako-da-go-popravite01.jpg

Секако дека не во сите, но во многу семејства постои конфликт помеѓу снаата и свекрвата.

И, ова не мора да биде „отворен“ конфликт, со караници и слично, туку може да се манифестира посуптилно, но сепак да создава стрес.

Како да познаете дали сте во токсичен однос со свекрвата и што можете да преземете?

Суптилни замерки

Можеби најтешко е да се справите со суптилните замерки и критики бидејќи секогаш се кажани на фин начин.

Другите веројатно и нема да ги забележат, но кога се упатени кон вас, сигурно се очигледни.

Со текот на времето, ваквите замерки може да имаат влијание врз вашата самодоверба.

Кога ќе се соочите со ваква ситуација, најдобро е да прашате што точно вашата свекрва сакала да каже.

Со ова ќе ѝ дадете до знаење дека сте свесни за знаењето на коментарот, како и дека нема да дозволите да бидете омаловажувани.

Постојано споредување

Ако вашата свекрва користи споредби за да ве пофали, тогаш тоа е добар знак.

Но, ако прави споредби со кои сака да покаже дека сте полоша мајка, партнерка или личност од неа, тогаш односот меѓу вас е токсичен.

Ако, на пример, ви рече дека не би го издржала вашето темпо со работа, домашни обврски и слично, тоа веројатно е пофалба.

Но, ако ви рече дека таа никогаш не оставала валкани садови или е што слично како вас, тогаш ве критикува.

Во ваква ситуација можете само да кажете дека се справувате со предизвиците на свој начин. Добро би било да побарате и поддршка од партнерот.

5-znaci-deka-imate-toksichen-odnos-so-svekrvata-i-kako-da-go-popravite-05.JPG

Банализирање на вашите достигнувања

Свекрвата е член на семејството и како таква би требало да се радува за вашите достигнувања.

Но, ако го банализира секој ваш успех и што и да направите, за неа не е доволно добро, тоа е јасен знак за токсичен однос.

Проблемот е што ако ова се случува често, може да ви ја поткопа самодовербата и да ви ја намали мотивацијата за да се трудите во иднина.

Кога ќе се најдете во ваква ситуација, можете да кажете дека вие сте горди на вашето достигнување и дека би сакале да прославите заедно.

И овој пат, важно е да имате поддршка од партнерот.

5-znaci-deka-imate-toksichen-odnos-so-svekrvata-i-kako-da-go-popravite-02.JPG

Постојано давање совети

Ова е проблем со којшто се соочуваат многу жени и генерално е фокусиран на домашните обврски, но уште повеќе на грижата за децата.

Со постојаното давање совети кои не сте ги побарале, свекрвата суптилно ве критикува, но истовремено пробува да преземе и контрола.

Кога ќе добиете ваков совет, можете само учтиво да кажете дека го цените нејзиното мислење, но дека ќе се држите до вашите одлуки.

Игнорирање

Ако вашата свекрва е личност која е зборлива и секогаш има нешто да каже, но одеднаш молчи, тогаш може да станува збор за „казнување со молчење“.

Обично се случува по конфликт и недоразбирање, па наместо да разговарате, таа одбира да ве игнорира и да ви наметне вина.

Ова, секако, создава тензија што ќе ја чувствуваат сите.

Ако забележите дека свекрвата намерно ве игнорира, отворено прашајте ја дали има некаков проблем и кажете ѝ дека сакате да разговарате и да најдете решение.

Како и во сите ситуации, важно е вашите грижи да ги споделите со партнерот и да ја добиете неговата поддршка за да можете да ја вратите хармонијата во односот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
Порака од новороденчето до неговата мајка: „Мама, мириса на млеко и на љубов - тоа е најдобриот мири... „Не можете да ја најдете мама. Ја повикувате и ве обзема страв. Што ако не дојде...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
8 смешни, но реални семејни ситуации во кои ќе се пронајдат сите (низ илустрации) Маж кој оди во маркет без список па заборава што требал да купи, или жена која ш...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg