5 мажи кои може да добијат награда за сопруг на годината (а останатите да им завидуваат)

„Мојот сопруг е студен како сибирски мраз, ми недостасува тоа што не покажува нежност. Во неговиот плакар 1000 години стои кутија, која никогаш не сум ја отворила. Сега, погледнав внатре и таму беше салфетката од нашиот прв состанок, каде што му ја напишав мојата адреса“.

5-mazhi-koi-mozhe-da-dobijat-nagrada-za-soprug-na-godinata-a-ostanatite-da-im-zaviduvaat-01.jpg

Ако мислите дека романтиката завршува по бракот - грешите. Постојат мажи кои со иста доза на љубов се грижат за својата сопруга и во времето кога се во врска, и откако ќе се венчаат.

Е, тие мажи, може да ја добијат наградата за „сопруг на годината“.

Неколку жени преку Редит раскажаа романтични приказни, поврзани со нивните сопрузи, поради кои другите може да им позавидат:

„Мојот сопруг е студен како сибирски мраз. Не покажува нежност и тоа малку ми недостига.

Пред некој ден барав нешто во неговиот плакар и случајно превртев кутија, која стои таму илјада години, а никогаш не сум ја отворила.

Погледнав внатре, а во неа беа наши заеднички фотографии, ситници што сум му ги дала одамна, нешта што нè поврзуваат.

А најневеројатното е што внатре беше салфетката од нашиот прв состанок, каде што му ја напишав мојата адреса“.

5-mazhi-koi-mozhe-da-dobijat-nagrada-za-soprug-na-godinata-a-ostanatite-da-im-zaviduvaat-04.jpg

„Ми беше роденден, се спремав за на работа, веќе бев облечена. Одеднаш, заѕвони ѕвончето на вратата, ја отворив и таму стоеше мојот сакан со огромен букет рози.

Беше романтично, се разбира, но морав да одам на работа, и првата помисла ми беше да „го избркам“.

Но, моето момче рече: „Преоблечи се и да одиме на кафе и торта“.

Тој го замолил мојот шеф да ми даде слободен ден, па целиот ден го поминавме следејќи го неговиот посебен план, да правиме само работи што ги сакам јас: се шетавме нив паркот, јадевме во мојот омилен ресторан и бевме во театар вечерта.

И денес знае да ме изненади со некој ваков гест, со целосно испланиран романтичен ден само за нас, без децата“.

„Кога се враќам дома од работа, мојот сопруг секогаш си средува нешто во гаражата.

Но, неодамна ми призна дека има скриена причина зошто го прави тоа.

И двајцата имаме поставени уреди за следење на нашите автомобили, и тој гледа како возам од канцеларијата, потоа влегува во гаражата и се преправа дека е зафатен.

Ми призна дека едноставно обожава да ме гледа како се појавувам зад аголот. Во брак сме 44 години!“

5-mazhi-koi-mozhe-da-dobijat-nagrada-za-soprug-na-godinata-a-ostanatite-da-im-zaviduvaat-03.jpg

„Мојот сопруг е возач на камион и не сме се виделе три-четири месеци, а не успеа да се врати на време ни за мојот роденден.

Додека седев тажна и јадев торта, очајував што не е тука, ама полошо - овој пат не ми испрати ни цвеќе.

Но, по некое време добив видео од него. Се изненадив кога видов чуден човек како кажува нешто на француски со моето име. Потоа имаше Италијанка, Германка, Грк.

Значи, додека мојот сопруг патувал низ Европа, им пристапувал на луѓе во секој град и ги замолувал да ми честитаат среќен роденден преку видео, велејќи дека не може да биде покрај мене за роденденот, па дека сака да ме изненади со честитката.

Во видеото имаше околу 25 луѓе“.

„Со сопругот штотуку се запознавме, се забавувавме околу еден месец.

Ми се јави да ме покани на состанок, а јас му кажав дека сум настината. Еден час подоцна, тој затропа на вратата.

Наместо со цвеќе, дојде со пилешко месо, зеленчук, овошје и витамин Ц. Влезе во кујната, направи супа и ме нахрани.

Заспав на каучот, па ме однел во спалната соба, ме легнал и си заминал. Вака и денес се грижи за мене кога сум болна“

5-mazhi-koi-mozhe-da-dobijat-nagrada-za-soprug-na-godinata-a-ostanatite-da-im-zaviduvaat-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
8 смешни, но реални семејни ситуации во кои ќе се пронајдат сите (низ илустрации) Маж кој оди во маркет без список па заборава што требал да купи, или жена која ш...
Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...

Најчитани неделава