„Не сме ние генерација на свилени родители - денес сè е прескапо, едвај се преживува“

„Два приходи се неопходни за да се 'преживее до крајот на месецот'. Генерално помалку помош од семејството и околината. Премногу информации и совети од сите страни... Ги воспитуваме децата во најстресниот и најскапиот период на родителство досега“.

ne-sme-nie-svileni-roditeli-se-e-preskapo-edvaj-se-prezhivuva-01.jpg

Кача од Србија е мајка на две момчиња, која споделува детали од нејзиното секојдневие на Инстаграм профилот @ZbunjenaMama.

Сега, Кача искрено проговори колку е тешко да се биде родител во време како денешното.

Нејзиниот став на тема родителството некогаш и сега:

„Родителите миленијалци (сите ние родени приближно помеѓу 1981 и 1996 година) ги воспитуваме децата во најстресниот, најскапиот и најосамениот период на родителство досега.

Барем така велат… А искрено, тешко ми е да не се согласам.

ne-sme-nie-svileni-roditeli-se-e-preskapo-edvaj-se-prezhivuva-02.jpg

Високи трошоци за живот.
Два приходи за да се „преживее до крајот на месецот“.
Генерално помалку помош од семејството и околината.

Премногу информации и совети од сите страни.
И постојана порака дека мораме истовремено
да бидеме максимално присутни и максимално продуктивни.

Парадоксот е во тоа што, и покрај сè ова,
со нашите деца поминуваме повеќе време
од која било генерација пред нас.

Затоа, ако си уморна, преоптоварена
и постојано се прашуваш дали правиш доволно - знај дека не е до тебе.
Не си слаба. Не си разгалена.

Само се обидуваш да воспитуваш деца
во време кое од родителите бара невозможно.

Можеби решението не е да бидеме уште подобри.
Можеби само да си признаеме
дека го даваме најдоброто од себе
и дека тоа е доволно.

Да ја избереме поврзаноста наместо совршенството.

Се согласувате ли?“

„Некогаш мислев дека мајчинството ќе значи оние нежни, топли моменти што ги гледаме во филмовите.
Мир. Тишина. Благодарност.

А потоа сфатив…
мајчинството често значи дека си последна на листата.
Дека јадеш ладна храна.
Дека малку спиеш.
Дека даваш и кога веќе немаш.

И често се прашуваме:
Зошто ми е вака тешко?
Зошто сум постојано уморна?
Зошто понекогаш „пукам“?

А одговорот не е дека сме слаби.
Туку дека носиме повеќе отколку што се гледа.

Мама е таа покрај која децата можат да се распаднат.
Таа што сè држи на куп.
Таа што се откажува од себе
за некој друг да има сигурно место.

И можеби тоа не се гледа однадвор.
Можеби нема аплауз.

Но, секоја непроспиена ноќ,
секојпат кога себеси се ставаме на крајот од редот…
Тоа е љубов.
Најчистата што ја знам.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
„Имам 3 деца и едно ми е омилено, како на секоја мајка – тие што негираат, лажат“ „Едно од најголемите табуа кај родителите ее да признаат дека имаат омилено дете...
9 комични ситуации во кои ќе се пронајдат (сите) родители на тинејџери Ако тинејџерот постави прашање, тоа не значи дека сака да слушне одговор... Сте ...

Најчитани неделава