Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да ги прави“

1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени песни многу гласно. 3. „Најлошо“ е кога е со тебе... Мајка од Србија споделува листа со 7 работи – ако вашето дете ги прави – значи дека правите добра работа.

majka-od-srbija-so-mokjna-poraka-srekjno-dete-ne-e-tivko-i-mirno-dete-7-raboti-koi-e-normalno-da-gi-pravi-01.jpg

Катарина е мајка од Србија, која заедно со својата пријателка Јелена, го основаа познатиот Инстаграм профил „Mamina spavalica“, што на многу родители од регионот им помага со совети за спиење на нивните бебиња.

Сега таа продолжи сама, под профилот со име „Zbunjena mama“, каде често споделува разни совети за одгледување деца, но и смешни ситуации во кои многумина се пронаоѓаат.

Катарина се залага за тоа дека понекогаш треба да се има повеќе разбирање за децата, а сака да ги освести родителите дека е сосема нормално нивните малечки понекогаш да бидат немирни, да викаат, да бидат гласни.

Во нејзината последна објава, таа споделува листа со 7 работи кои ако детето ги прави – значи дека сте добар родител, иако на прв поглед не ви изгледа така и мислите дека се чудни.

Нејзината исповед гласи:

„Сите во моето опкружување знаат колку често се прашувам дали работам доволно со моите деца. Дали грешам? Дали пропуштам нешто?

Неодамна, додека мојот син си играше и пееше многу гласно песна составена од измислени зборови, се прашав – Дали е ова премногу? Дали треба да го стишам?

А потоа налетав на оваа листа. Листа која зборува за сите тие работи кои нас како родители нè наведуваат на размислување, будат вина, чувство на грижа... па сакав да ја споделам со вас.

Бидејќи среќно дете не е тивко дете. Не е совршено дете. И не секогаш е мирно дете. Среќно дете е она кое не се плаши да биде свое.

И тоа е сè што сакам во родителството со своите деца. Другото ќе дојде природно.“

Листа со 7 работи – ако вашето дете ги прави – значи дека правите добра работа:

1. Зборува само со себе додека си игра

Не затоа што е чудно, туку затоа што внатрешниот свет му е доволно сигурен за да може да излезе надвор.

Среќното дете не се стишува себеси за да биде прифатено.

2. Се смее на сопствените грешки

Ќе истури, ќе падне, нема да успее. И пак ќе се насмее.

Тоа значи дека во вашиот дом нема срам заради грешки. А тоа е непроценливо.

majka-od-srbija-so-mokjna-poraka-srekjno-dete-ne-e-tivko-i-mirno-dete-7-raboti-koi-e-normalno-da-gi-pravi-03.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми и јас сме бремени во исто време - пресреќни сме“ „Мајка ми и јас го живееме нашиот сон! Двете сме бремени со девојчиња. Таа е во ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg