Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да ги прави“
3. Често прашува „зошто“ и влегува во расправии
Не, не е безобразно. Тоа е дете кое не се плаши да има глас.
Среќните деца веруваат дека односот може да издржи искреност.
4. Неговата игра понекогаш изгледа како хаос
Не е мрзливост. Не е неуредност. Тоа е дете кое е длабоко во играта. Креативно. Слободно.
Среќата повеќе наликува на истражување отколку на контрола.

5. Гордо се фали со малите нешта
„Види, види што направив!“ Не бара аплауз. Знае дека трудот е забележан.
Самодовербата расте таму каде што трудот е поважен од резултатот.
6. Се однесува будалесто, гласно, понекогаш е „премногу“, баш покрај тебе
Пее бесмислени песни. Измислува зборови. Прави гримаси. Си игра без кочници.
Тоа го прават децата кои не носат емоционален оклоп. Тоа е дефиниција на слободата.

7. „Најлошо“ е баш со тебе
Плаче. Беснее. Експлодира. Еееј, тоа не значи дека правиш нешто погрешно!
Тоа значи дека безусловно ти верува и знае дека пред тебе може да покаже сè што чувствува, знаејќи дека подеднакво ќе го сакаш.

Среќата не изгледа секогаш како на филм. Среќно семејство шета кон зајдисонцето...
Во реалноста често изгледа како: сигурност, слобода, доверба.
Ако ги видиш овие знаци, застани на момент, потапкај се по рамото, бидејќи правиш одлична работа!
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com
