„Исто како Викторија Бекам, и мајка ми ја уништи мојата свадба – веќе не зборувам со неа“
„Од моментот кога сопругот ме запроси, мајка ми постојано правеше драми за свадбата. За време на церемонијата, или одбиваше да ме погледне во очи, или ме гледаше прекорно“.

„Пет дена пред мојата свадба, додека се подготвувавме со полна пареа, добив мејл кој ми беше како бомба.
Една реченица односно инструкција ми го привлече вниманието ’Молчи и стој што е можно понастрана од мене‘. Испраќачот беше мајка ми.
Ова е феномен за кој ретко се зборува, но зад совршените Инстаграм фотки, планирањето на свадбата може да стане толку токсично, што последиците се чувствуваат долго откако ќе заврши прославата, како што и самиот Бруклин Бекам знае.
Како што се сомневаа сите, Бруклин (26) потврди дека главната причина за конфликтот е неговата свадба од 2022 со наследничката Никола Пелц.
Тој тврди дека за време на подготовките пред четири години, имало проблеми меѓу неговите родители и младиот пар за сè – од венчаницата, до планот за седење, па дури и првиот танц.
Додека мојата свадба чинеше околу 0,01 процент од прославата на Бруклин која се проценува на 4 милиони долари, го разбирав додека ја читав неговата објава.
Од моментот кога мојот сопруг ме запроси, мајка ми постојано правеше драми за свадбата.
Кога побарав нашата неформална прослава за свршувачката да биде само за најблиското семејство, таа инсистираше да поканиме далечни пријатели кои дошле од странство.
Утрото кога првпат ја пробував венчаницата, таа почна да се расправа со мене и побара да дојде сама во бутикот за венчаници.
Како што се наближуваше големиот ден, толку попроблематична стануваше мајка ми, ме навредуваше – во друг мејл ми рече ’Не ти должам свадба‘.
И, како Викторија, направи драма за планот за седење откако родителите на сопругот побараа некои мали промени.
Утрото на денот на свадбата, наместо да ми каже нешто добро, да ме охрабри или да сподели некоја мудрост со мене, мајка ми одбиваше да зборува со мене, а потоа исчезна со мејкап артистиката на цигара.
Па, на крајот асистентката требаше да ми ги доврши шминката и фризурата.
Ги гледав преку прозорецот, како си разговараат, додека асистентката ме мачкаше со портокалова пудра поради која изгледав смешно.
За време на церемонијата, мајка ми или избегнуваше да ме погледне, или ме гледаше прекорно.
Кога дојде време за семејните фотографии, никој не можеше да ја лоцира и на крај мојот сопруг ја најде надвор, па мораше да ја довлечка да се фотографираме.
Додека сопругот ја бараше, јас го замолив фотографот да не стојам до неа на ниту една фотографија.
Како контраст на ова, родителите на сопругот беа многу фини и постојано помагаа.
Само нив можев да им верувам да ми ја донесат венчаницата, а на денот на свадбата ми дадоа убав ѓердан со кој ми посакаа добредојде во нивното семејство.
Како што е случајот со Бруклин, помина некое време од свадбата пред да прекинам контакт со мајка ми.
Претходно дури ѝ испратив и мејл во кој ѝ се заблагодарив што помогна во финансирањето и организирањето на свадбата.
Но, нашиот однос продолжи да се влошува, а јас бев гневна бидејќи го уништи денот кој требаше да биде радосен.
По околу половина година, едвај зборував со неа.
Поминаа неколку години од мојата свадба и нашиот однос уште е лош. Во меѓувреме, многу се зближив со родителите на сопругот и со нив ги минувам празниците.
Исто како Бруклин, јас сум најстарото дете од семејството и прва стапив во брак.
Ако она што тој го кажува за Викторија е точно, мислам дека има одреден вид мајки кои не можат да се справат со помислата дека нивното дете е во центарот на вниманието и конечно го напушта домот.
Кога ќе се земе предвид дека свадбите се стресно искуство, не е ни чудно што резултираат со конфликт.
Но, како што знае и самиот Бруклин, малку нешта се потажни од тоа настан кој треба да го слави обединувањето на две семејства, да резултира во разделба“.