„Моето дете беше жртва на булинг – насилникот беше син на наставник, морав да го запишам во друго училиште“
Родителот го прашал неговото дете за малтретирањето и зошто не кажало ништо.
„Само ми рече дека не сакал да го разочара бидејќи го сметал за пријател“.
Трето сведоштво
Третиот родител вели дека неговото дете двапати менувало училиште поради врсничко насилство, за на крај со партнерот да одлучат дека е најдобро да го едуцираат дома.
Траумите на детето биле толку големи, што тоа се соочувало и со пострауматично стресно нарушување.
„Последиците од малтретирањето толку му ја уништија самодовербата, што сега му е тешко да оформи здраво пријателство“.
Родителот вели дека не сфатил колку сериозно е насилството додека детето не открило на психијатар.
Малтретирањето почнало како психолошко насилство, а потоа преминало и во онлајн насилство. Детето било навредувано, понижувано, но и изолирано од своите врсници.
Најлошо од сè е што неговите родители не можеле да ги убедат наставниците дека детето е жртва.
„Наставниците како да не сакаа да видат дека нашето дете е жртва. Сметаме дека е потребна поголема едукација и контрола, особено за онлај малтретирање.
Денес врсничко насилство е 24-часовен проблем кој не престанува кога детето ќе си дојде дома од училиште“.
Четврто сведоштво
И четвртиот родител го запишал своето дете во друго училиште со надеж дека ќе го спаси од малтретирањето.
„Разликата беше огромна бидејќи нашата ќерка беше депресивна и имаше суицидни мисли, но сега е многу подобра“.
Родителот открива дека ќерката самата му кажала за насилството, а на истото посведочила и нејзината мајка.
„Ја навредуваа, ја исклучува од групни активности, ги тераа другите деца да се држат настрана од неа.
На една роденденска прослава не дојде ниту едно дете, иако многу ѝ рекоа дека ќе дојдат. Ширеа озборувања за неа, па дури почнаа и со физичко насилство – истурале пијачки врз неа“.
Кога ќерката им кажала што се случува, ја посоветувале да им каже на наставниците. Но, ова не било од помош.
„Наставниците ја игнорира и не ни разговара со другите деца“.
Спирова С. | Црнобело