„Детето да спие со пелена до 6 години, ноќта е за мама и тато – Најглупавите совети што ги добив од француски педијатри“
Србинка споделува 6 најглупави совети кои ги добила од педијатри во Париз: „Не носи пелени навечер на 2 години?! Тоа е прерано, децата не се спремни да не носат пелени ноќе до 6-тата година“. „Мајките што се со децата не работат ништо по цел ден, туку само седат по дома и губат мускулна маса“.

Кристина Јовановиќ од Србија е мајка која на Инстаграм се потпишува како мултикултурна мама.
Таа живее во Париз, а на својот профил споделува забавни видеа и ситуации во кои опишува како е да се биде мајка во Франција.
Во едно од последните видеа, таа зборува за најчудните и најглупавите според неа совети кои ги добила од француските педијатри.
Практиките за негување на дете се различни од држава до држава, па дури и од лекар до лекар и нормално е да се разликуваат.
Па, дали се навистина необични, проценете сами:
Најглупавите совети кои ги добив од француски педијатри:
1. „Вашата ќерка (тогаш 2 години) плаче додека прима вакцина затоа што не оди во градинка, па не е социјализирана“ – ми рече педијатарот кај кого отидовме прв и последен пат.
2. „Не носи пелени навечер на 2 години?! Тоа е прерано, децата физички не се спремни да не носат пелени ноќе до 6-тата година“.
3. „Понекогаш јаде месо за ручек, а риба за вечера? Тоа е премногу протеин“ – ми рече и извади постер со табела за „правилна“ исхрана по години на детето па продолжи: „На 3 години треба да јаде 16g протеин дневно. Измерете го на вага секој оброк и ако е уште гладна, дајте ѝ леб и сирење“

4. „Вашата ќерка (тогаш 6 месеци стара) мора да научи дека ноќта е за мама и тато. Ставете ја во креветче, замрачете целосно и не влегувајте во соба до следното утро“.
5. „Немојте да доите навечер, млекото не е добро за забите“ – кажано кога бебето имаше 5 месеци и 0 заби.
6. Бонус (мојот доктор за време на рутински преглед): „Толку си слаба и немаш мускули затоа што не работиш. Мајките што се со децата не работат ништо по цел ден, туку само седат по дома и губат мускулна маса“.

На моја среќа, научив за многу кратко да ја слушам својата интуиција пред другите совети. Но, и понатаму ме фрапираат коментари кои ги слушам од разни лекари.
M. M. | Црнобело