„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“
Има докази дека добрината и алтруизмот се вродени или барем дека ги има дури и кај најмалите деца.
Истражување покажало дека деца на возраст и од една година можат да покажат загриженост ако забележат дека некој страда.
Но, децата не се само минијатурна верзија на возрасните. Тие размислуваат поразлично од нас.
До 4-годишна возраст, тие немаат способност да разберат дека другите луѓе имаат чувства и перспективи различни од нивните.
Ако му речете на двегодишно дете да дели нешто, нема да ве разбере.
Околу четиригодишна возраст ова се менува и детето барем може да разбере што значи кога ќе му речете да подели нешто со некого. Но, сепак може да не сака.
„Бев хеликоптер родител кој сака да контролира сè – им ги пренесов стравот и анксиозноста на децата“
Да го присилувате детето да ги дели своите работи создава ризик да почне да мисли дека дарежливоста е нешто што е присилено да го прави и дека не создава убаво чувство.
Детето ќе мисли дека некој помоќен од него го тера да се оддели од нештото што го сака.
Ова не значи дека треба да му речете на вашето дете да ги игнорира другите деца. Ако го охрабрувате ова однесување, можно е да не стекне пријатели.
За среќа, има алтернатива – можете да му речете да се менуваат со другите деца.
Околу четири или петгодишна возраст, децата можат да научат за фер делба и можат да ја ценат. Кога, пак, ќе се менуваат, ќе разберат дека евентуално и нив ќе им дојде редот.
Бев советувана да престанам да се грижам за тоа дали син ми ќе стане како мене, постојано да им удоволува на другите.
'Не мисли на исходот, мисли на вештините. Сакаме да им помогнеме на нашите деца да развијат вештини со кои ќе создадат живот кој е значаен и кој ги задоволува. Некогаш детето ќе треба да направи нешто што не сака, но така функционира светот‘, ми рече детски психолог.
Пред неколку недели, го однесов син ми со неколку другарчиња во игротека.
Сите три деца имаа играчки камион со далечински управувач што ги зедоа со себе. Во игротеката немаше други деца, освен две мали момчиња.
Нормално, тие посакаа да си играат со играчките. И, секако, ниту син ми ниту неговите другарчиња не сакаа да ги дадат нивните.
Едно од момчињата почна да плаче, па го прашав син ми дали може да си поигра со неговиот камион.
Син ми рече не и продолжи да си игра.
Се засрамив, но решив да не го присилувам и да почекам да видам што ќе се случи.
Тогаш мајката на момчето рече дека е време да си одат и го фати за рака.
Но, во тој миг син ми му пријде на детето и му го даде неговото камионче.
Неколк минути подоцна и неговите другарчиња го направија истото.
Мајката на момчето ми се насмевна и продолживме да ги гледаме децата како си играат со новите другарчиња.
Спирова С. | Црнобело