Лекции кои ги учат жените кога за прв пат стануваат мајки

Животот секојдневно ни подготвува нови предизвици и нови лекции кои сакале или не сепак, ги учиме.

lekcii-koi-gi-ucat-zenite-koga-stanuvaat-majki 2

Понекогаш потешко се справуваме со промените, но само на тој начин можеме да научиме многу за себе, за пријателите и за сите останати вредности во животот.

Онаа голема промена со која се соочуваат жените е станувањето на мајка. И токму од тоа искуство се учат најмалку 5 лекции:

1. Мајчинството е нов начин на живот. Да се биде мајка не значи дека го жртвувате својот дотогашен живот, туку го менувате и се соочувате со една нова промена. Да се биде родител, значи почеток на една поинаква авантура.

2. Вреди за целиот труд. Никој не вели дека ќе биде лесно и едноставно, но она за што сите ќе се согласат е дека на крајот вреди кога вашето дете искрено ќе ве прегрне и ќе ви каже дека ве сака.

3. Секогаш знаете што е најдобро. Жената знае што е најдобро за својот сопруг и своите деца и ќе направи сѐ што е потребно за нив.

4. Дружбата на вашиот соруг со децата. Мајките велат дека чувството е незаменливо кога гледаат како нивниот сопруг се променува и полека станува татко. Вашиот сопруг ќе го видите во едно ново светло како никогаш претходно.

5. Поддршка од сите страни. Она што е најважно е дека мајките никогаш не се сами. Секогаш ќе имате подршка од другите мајки, роднините и пријателите. Кога и да ви затреба совет, искусните жени ќе бидат покрај вас.

Што е она што вие го научивте како животна лекција кога станавте мајка?

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава