Ќерките ги претворила во барбики со облека од илјадници фунти и козметички третмани

Софи Меј Диксон (22) е самохрана мајка која двете свои ќерки ги претвора во барбики или мали кукли со тоа што им купува скапа дизајнирана облека, им прави козметички третмани, им дозволува да користат спреј за потемнување и да ставаат надградба на косата или да прават педикир.

kerkite-gi-pretvorila-vo-barbiki-so-obleka-od-iljadnici-funti-i-kozmeticki-tretmani-01

Поголемата ќерка Принцес Блис Тијана Меј (4) ги лакира ноктите, носи фустани од 400 фунти и спие во кревет од 1000 фунти. Заедно со  нејзината сестра Прешес Бел Руби Розини (2) поседуваат облека од илјадници фунти, чевли од дизајнери како Ралф Лорен, детски фустанчиња од колекциите на „Dolce&Gabbana“ и одат на забави кај нивните другарки.

Многумина ја обвинуваат Софи-Меј дека премногу им дозволува или дека таа им го наметнува тоа, но според на што таа го изјавила во една емисија, вели дека прави сè за нив, само за да бидат среќни, си скратува и себе некои работи за да може да им ги задоволи желбите.

Единствено за што се смета виновна е дека тие ја гледаат неа како се средува и како ги прави тие работи, па затоа го сакаат истото, а таа не може да ги одбие.

Покрај тоа што се грижи за ќерките, таа студира и психологија и се надева дека еден ден ќе има своја ординација во која ќе им помага на луѓето.

Таа е среќна што нејзините ќерки имаат сè што ќе посакаат.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...

Најчитани неделава