Си легнувате порано и ви пречи гласна музика: 15 знаци дека почнувате да се претворате во вашите родители

Доколку неделниот шопинг го планирате според акциите на намаление во продавниците и обрнувате големо внимание на рекламите, тоа се само дел од знаците дека почнувате да личите на вашите родители.

si-legnuvate-rano-i-vi-preci-glasna-muzika-15-znaci-deka-se-pretvorate-vo-vasite-roditeli-01.jpg

Не за џабе се рекло дека крвта не е вода. Сакале или не, со текот на времето, сите заличуваат на своите родители. Токму во тие моменти почнувате да ги сфаќате иако многупати сте рекле дека никогаш нема да бидете како нив.

Кога ќе прочитате некои од наведените знаци, ќе се пронајдете и ќе сфатите дека вашите родители и не се така лоши.

1. Пазарењето го планирате според намаленијата во продавниците.

2. Имате многу специјални картички за купување и собирање бодови.

3. Си легнувате околу 21 часот и сметате дека тоа е сосема во ред.

4. Ви пречат соседите кога пуштаат гласна музика или често имаат гости.

5. Не помислувате да излезете со влажна коса надвор, ниту во лето од страв дека ќе настинете.

6. Секогаш користите подметачи за чаши.

7. Се ужаснувате кога ќе видите девојка со гол стомак кога времето е ладно.

8. Почесто обрнувате внимание на рекламите со производи за чистење или поправка во домот.

9. Се фаќате себе како ги предупредувате другите дека прават нешто неморално.

10. Често забележувате дека користите исти фрази како вашите родители.

11. Во торбата секогаш имате некое овошје, вода и по некое апче.

12. Редовно појадувате.

13. На телевизија предност им давате на вестите и домашните канали.

14. Имате неколку добри причини зошто треба да се штеди.

15. Наеднаш шегите на вашите родители ви станаа смешни.

Би можело да ве интересира:

Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
10 реквизити за на училиште од TEMU - ќе им бидат од корист на децата (и родителите) Налепници со името за да си ги препознаваат своите работи, вежбанки за собирање,...
„Привилегиите на татковците“ за кои луѓето не се свесни, според мајки „Без разлика што ќе направи тој, му велат дека е одличен, прекрасен татко. Кога ...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...
„Не сме ние генерација на свилени родители - денес сè е прескапо, едвај се преживува“ „Високи трошоци за живот. Два приходи се неопходни за да се „преживее до крајот ...

Најчитани неделава