Отворено писмо до мојот син наркоман

Една мајка која се мачела гледајќи го својот син како тоне во зависноста, одлучила да му напише отворено писмо. Веќе долго сакала да ја искаже својата тага и конечно пронашла начин...

otvoreno-pismo-do-mojot-sin-narkozavisnik-01.jpg

„Јасно се сеќавам на твоето раѓање. Мојот водењак пукна и ти се роди следното утро, во 3:50, тежок само 3,2 килограми. Кога за прв пат те земав во раце, го здогледав најсовршеното и најпрекрасно суштество. Сè останато и сите останати изгледаа валкано, но ти изгледаше и мирисаше перфектно. Те сакав безрезервно од првиот момент.

За време на твојата адолесценција, стана многу проблематичен. Немирите помеѓу тебе, татко ти и мене, дури сега разбирам, имаа длабоко и трајно влијание врз тебе. Заради тоа ми е искрено жал.

На твои 16 години изгледаше изгубено. Се отсели - сакаше да бидеш самостоен и независен. Не те запрев, затоа што беше тешко да се живее со тебе.

Гледав како растеш. Те гледав како се мачиш со својата длабока завист од нелегални супстанци. Но, ги славев родендените на твоите деца. Уживав во начинот на кој му се препушти на татковството, се воодушевував на твоите способности, твојот темперамент, смиреност и добрина.

Тогаш наидоа црни облаци: проблеми со пари, прекин на твојата врска, предозирање, хаос и осаменост. И конечно, сфаќањето дека ти, мојот сакан син си зависник од хероин и крек.

otvoreno-pismo-do-mojot-sin-narkozavisnik-02.jpg

Во последните 3 години гледав како се уништуваш. Понекогаш не можев да го поднесам тоа.

Но, денес бевме во пералната и поминавме некое време сами.

Вилицата ти беше скршена заради тепачката во која западна пред неколку седмици. Беше слаб, ковчест и мирисаше непријатно.

Ја наполнивме машината со облека. Твојата облека беше ишарана со капки крв и како мапа покажуваше каде си го забодел шприцот до сега.

Рече дека ти треба нова облека, дека ќе одиш на третман во центар за одвикнување. Тоа е единственото што сакав да го слушнам.

Но, не си дозволувам премногу да се надевам. За тоа не се зборува кога поминуваме време на само.

Одиме на кафе, малку зборуваме и се смееме заедно.

Те препознавам во тие моменти на трезвено и нормално однесување, па морам да ги зграпчам.  

Тоа се добри моменти.

И кога ќе се одвоиме, постојано мислам на тебе.

Со љубов,

Мама“

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава