Еден татко пронашол писмо од непознато девојче. Неговиот одговор е трогателен!

Врската помеѓу таткото и ќерката е нешто посебно. Колку и да се храбри и силни мажи, ќерката е нивна најголема слабост пред која секогаш попуштаат.

iskreno-pismo-od-nepoznat-tatko-do-nepoznato-devojce-01

Еден татко случајно добил порака од некое непознато девојче упатена за нејзиниот татко. Па се решил да одговори како што секој татко би ѝ одговорил на својата ќерка.

„Драга Стеф,

Во саботата пред влезот на мојата гаража најдов фрлена кеса која мислев само да ја соберам и да ја фрлам, но не го направив тоа.

Кога престана дождот поминав покрај гаражата за да ја соберам, но забележав дека не е кеса, туку испишано парче хартија.

На него пишуваше: „Тато, те сакам. Ми недостигаш многу. Стеф“

Размислував за тоа цел ден. Размислував за тебе, за твојот татко, за тоа што се случило и зошто не сте заедно. Претпоставив дека татко ти починал.

Размислував за тоа и додека ја успивав ќерка ми, додека другата ја носев на балет... Се прашував дали си сакала да му ја пратиш пораката на татко ти, но тогаш помислив дека штом стигнала до мене тоа може да биде и некој начин за одговор од твојот татко, затоа што и јас сум татко.

Сфатив дека моите три ќерки еден ден нема да можат да ме довикуваат од скалите, да ми седнуваат во скутот додека читам или да ми се јавуваат и да ми праќаат пораки.

Можам да ги замислам и нив дека еден ден ќе испратат писмо како твоето. Знам дека ако тоа се случи, сакам некој татко да им одговори.

Затоа еве неколку работи кои би ти ги кажал ако ти бев татко.

iskreno-pismo-od-nepoznat-tatko-do-nepoznato-devojce-1.jpg

Секогаш те сакав

Од првиот момент кога те земав во раце знаев дека нема да имам посилна врска во животот од онаа со тебе. Знам дека знаеш, но сакам да ти кажам уште еднаш: „Те сакам! Вчера, денес и утре. Засекогаш“.


Бескрајно сум горд на тебе

Знам дека татко ти би сакал да ти каже „Многу сум горд на тебе! Ти си прекрасна жена!“ Знам дека би сакал да ти каже дека сака да биде со тебе сега. Сака да го живееш животот исполнет со љубов и среќа. Се надевам дека така живееш.


Сакам да живееш добар живот

Ако можеш да го промениш светот, направи го тоа. Ако можеш да се промениш себе на подобро, направи го тоа. Немој да дозволиш работата да ти биде сè во животот. Направи место за семејството и пријателите. Биди среќна.

На крај, драга Стеф,тоа што толку многу го сакаш својот татко е знак дека и тој те сакал тебе. Тој сега не е тука, но прифати ја љубовта која ти ја даваат другите. Никој нема да те сака како твојот татко , но ако им допуштиш, некои други луѓе ќе го видат во тебе, она што тој го видел.

Љубовта е силна колку и смртта. Подеднакво непобедлива, моќна и силна. Смртта не може да се избегне. Нема да биде заборавена, а кога смртта ќе помине љубовта сепак останува.“

iskreno-pismo-od-nepoznat-tatko-do-nepoznato-devojce-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава