Трудници, уживајте во 9-тиот месец

Во исчекување на приновата и во целата гужва околу сите подготовки, идните мајки забораваат на себе и на удобноста која можат да си ја приредат тие денови.

trudnici-uzivajte-vo-9-tiot-mesec-1

Доколку сте во 9-тиот месец, еве што можете да направите додека „броите ситно” до породувањето:

Излежувајте се без грижа на совеста

Појадувајте, ручајте и вечерајте во пижами, завиткани во кревет и гледајте си ги омилените емисии или серии. Искористете го тоа што можете по целиот ден да се излежувате без никакви обврски, бидејќи за брзо тоа ќе се промени.


Уживајте со пријателките

Доколку сте активна и дружељубива трудница, нема причина зошто во 9-тиот месец да се откажете од одењето во кафуле со пријателките. Повикајте ги на гости, бидејќи за скоро нема да имате време за дружење.


Направете спомени

Соберете ги сите фотографии со трудничкиот стомак и направете си мини албум, кој ќе ви биде драг спомен.


Ден за разубавување

Приредете си еден ден за разубавување, отидете во салон средете си ја косата, направете си педикир, маникир и  чувствувајте се убаво во сопствената кожа.


Купете си штикли

Веројатно веќе ви здодеа да ги носите истите рамни чевли, кои на себе ги имаат сите трудници, па затоа почестете се со еден пар штикли. Иако не можете сега да ги носите, тие ќе бидат идеални кога ќе ги облечете за месец, два. Килограмите ќе се стопат, бебето ќе биде големо, а вие ќе посакате малку да излезете од дома. 

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Ние мајките постојано се извинуваме - за немирното дете, за нечистиот дом, затоа што ни е потребен о... Се извинуваме затоа што нашето дете не се вклопува во „нормалата“ или затоа што ...
7 работи во кои ќе се пронајдат сите модерни мајки Вашето дете има поубава облека од вас, а Pinterest ви е омилениот сајт за инспир...
Босански психолог ги разгневи родителите со нејзиниот опис за „токсични мајки“: „Изгледа многумина с... „Јас ти дадов сѐ, а ти така ми враќаш“, „Ќе видиш како е кога ќе имаш свое дете“...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg