Што сакам да знае мојот син за жените и љубовта?

Секоја мајка се грижи за своите деца и се труди да ги воспита, но и да ги заштити на најдобар можен начин. Како што е специфична врската меѓу таткото и ќерката, исто толку специфична е и онаа помеѓу мајката и синот.

12-raboti-za-zenite-i-ljubovta-na-koi-go-ucam-mojot-sin-01

Иако се чини дека момчињата секогаш се воспитуваат само да бидат силни, храбри и важни, една мајка има поинакви совети во врска со љубовта и жените за својот син, кои сите би требало да ги знаат:

1. Девојките се конфузни

Понекогаш можеби девојките не знаат што сакаат, ниту како да се изразат и често имаат некои недостижни идеали и очекувања. Мора да се научиш на трпение, за да најдеш начин да и помогнеш и да може да се потпре на тебе.


2. Потребни се повеќе и почести сигнали и потсетници дека навистина се грижиш

Не ги штеди зборовите, ниту комплиментите, но никако не ги заборавај постапките на дело. Дај им значење на зборовите со делата и емоциите кои ги покажуваат.


3. Можеби ти изгледа луда, можеби и е, но тоа е затоа што се грижи

Понекогаш може да звучи премногу драматично, разулавено и очајно, но тоа е затоа што се грижи и целиот страв и несигурност ги изразува со викање и плачење.

Не ѝ возвраќај, само биди покрај неа и прегрни ја.


4. Некои девојки знаат и да манипулираат – држи се понастрана од нив

Сигурно ќе налеташ и на некоја што сака само да те искористи. Толку многу ќе сака да ти се пикне под кожа, што нема да можеш да избегаш од неа и ќе си игра како сака со тебе.

Биди внимателен и од далеку гледај ги работите. Не остварувај блиски контакти со ваквите девојки.

12-raboti-za-zenite-i-ljubovta-na-koi-go-ucam-mojot-sin-2.jpg

5. Барај девојка која ќе те исполнува

Никогаш не се задоволувај само со добро поминато време. Не си го губи времето за нешто помалку од тоа што го сакаш. Барај девојка која постојано ќе те турка напред

Девојката која секогаш е малку мистериозна иако мислиш дека знаеш сè за неа. Тоа ќе го почувствуваш, не очекувај посебни знаци за ваквата девојка.


6. Биди искрен за таа никогаш да не те нарече „глупак“.

Сигурно ќе се најдете во ситуација кога врската ќе стигне до некои граници, ќе почне спонтано без некоја посебна причина да се намалува страста, да замира љубовта. Ќе се обидувате да ја спасите или да ја завршите.

Не се измачувај себе, не ја залажувај неа. Биди искрен и отворен за никогаш да не те помислува со омраза и навреди.


7. Ако сакаш да ѝ бидеш љубовник, мора прво да бидеш пријател со нејзините другарки

Девојките сакаат да зборуваат за нивните врски со друштвото, затоа подобро е да те познаваат и да имаат одредено мислење за тебе, отколку да не те познаваат.

Најди начин на кој ќе ги забавуваш или ќе им бидеш од помош, така многу полесно ќе бидеш примен во кругот, а со тоа полесно ќе стигнеш до неа.


8. Ако не ми се допаѓа, тоа е проблем

Можеш да излегуваш и да се забавуваш со која сакаш, но ако станува нешто посериозно мора да ја запознаам.

Ако нешто не ми се допаѓа или има нешто што ми пречи, тогаш имаме проблем. Не затоа што јас претерувам, туку затоа што те родив, израснав и воспитував, па можам да проценам кога си под лошо влијание.

Мајките не се најпаметни, но ги гледаат работите за кои синовите се слепи.

12-raboti-za-zenite-i-ljubovta-na-koi-go-ucam-mojot-sin-1.jpg

9. Ако твоите пријатели не ја прифаќаат, разговарај со нив

Многу често и момците знаат да бидат љубоморни едни на други. Не сакаат да ги изгубат времето и забавата со тебе или ако тие немаат девојка, не сакаат да имаш ниту ти.

Само разговарај со нив, веднаш ќе сфатиш за што се работи.


10. Ако некоја ти го скрши срцето, ќе боли, ама им се случува на сите

Секој изгубил некоја љубов. Кога ќе ти се случи тоа ќе се чувствуваш ужасно, но потребно е време и добро друштво за да ти помине.

Потоа само ќе ги извлечеш позитивните работи.


11. Забавувај се додека можеш

Не се залажувај дека секоја може да биде вистинска и дека во секоја треба безусловно да се вљубуваш. Забавувај се додека можеш, не се приврзувај, не се предавај целосно. Уживај додека си млад.

Дај си го времето кое ти е потребно без никаков притисок, лудувај,  само те молам заштити се.


12. Кога ќе ја најдеш вистинската, направи да поверува и почувствува дека е најдоброто нешто кое ти се случило

Кога конечно ќе ја најдеш девојката која те прави среќен, те прави подобар и те тера да чувствуваш сè што ти се случува, да ги забележуваш и најмалите ситници, биди сигурен дека ѝ возвраќаш со иста мера.

Ако таа е најдоброто нешто што некогаш си го имал, направи сè за да бидеш сигурен дека и таа верува во истото.

Мора да вложиш повеќе труд и повеќе љубов за она што вистински го сакаш. Тоа е клучот за големата среќа.

12-raboti-za-zenite-i-ljubovta-na-koi-go-ucam-mojot-sin-3.jpg

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg