13 Видови на мајки кои ги среќаваме во парковите

За родителите паркот е омиленото место во кое ќе можат да се одморат, додека нивното детенце безгрижно трча наоколу и си игра со другарчињата.

13-vidovi-na-majki-vo-parkovite-1

Но, освен веселите дечиња, низ парковите можат да се сретнат и разни видови на мајки, кои сигурно до сега сте ги виделе во парковите, а еве дел од нив:

1. Мама во тренд

Паркот е нејзината модна писта, таа секогаш е средена од глава до петици и изгледа како штотуку да излегла од моден салон. Оваа мајка ги привлекува сите погледи во паркот, а никогаш нема да ја сретнете без шминка.


2. Мама забавувач

Оваа жена умее со деца и знае како да ги забавува. Обично таа е обиколена од сите деца и им раскажува разни приказни, трча со нив, си игра со топка или заедно со децата играат криенка.


3. Мама репортер

Во нејзината рака секогаш има мобилен подготвен за фотографирање или професионален апарат со кој си го фотографира своето детенце. Директно од паркот ги објавува веднаш фотографиите на социјалните мрежи.


4. Хеликоптер мама

Овие мајки не можете, а да не ги забележите. Тие секогаш се над своите деца и не ги испуштаат од вид. Не дај Боже, детето да се сопне и падне, бидејќи тие веднаш полетуваат накај него.


5. Зафатена мама

Оваа мајка секогаш е со мобилниот телефон и пишува пораки или води долги разговори, а нејзиното дете секогаш ја довикува од игралиштето.


6. „Дозволено е сѐ” мама

Нејзе не ја интересира дали детето јаде песок, има кондури или оди боси, бидејќи во нејзината глава сето тоа е процес од растењето и воспитувањето.

13-vidovi-na-majki-vo-parkovite-2

7. Мама дипломат

Таа е секој ден во паркот и знае сѐ за децата и нивните мајки. Кога во паркот се појавува нова личност, најпрво таа и приоѓа за да ја воведе во друштвото.


8. Мама полицаец

Секогаш се грижи дали се сите безбедни, дали лулашките се во ред и води внимание за домашните миленици и не дозволува да им пријдат на децата.


9. Осамена мама

Таа не сака да стане редовен член на друштвото мајки и секогаш се држи на страна од сите. Не ја интересираат другите луѓе, туку само нејзиното дете.


10. Мама бранител

Не е возможно нејзиното дете да биде причина за тепачка во игралиштето или да направи нешто лошо. Едноставно не можете да докажете. Мама бранител до крај ќе го брани своето дете, бидејќи е најдобро.


11. Рамнодушна мама

Нејзиното дете е едно од најмирните во паркот, а по нејзиното мислење парковите служат за детето да ја исфрли својата енергија. Па така, не очекувајте да го смирува детето кога тоа ќе започне да беснее.


12. Мама готвач

Нејзината чанта и количка се преполни со бисквити, сендвичи, шишенца со вода, сокчиња и секогаш со неа си носи вишок пелени. Кога оваа мајка е таму секогаш сте сигурни дека на ниедно дете нема ништо да му недостига.


13. Заменска мама - згоден тато

Не само што изгледа добро, туку тој е уште попривлечен кога го шета своето детенце. Мајките не го тргнуваат погледот од него, а секако и тој не останува рамнодушен. Токму и затоа е чест посетител во паркот.

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...

Најчитани неделава