Родители, запознајте ги децата со опасностите на пороците

Уште од раните години, децата се изложени на алкохол, цигари, дрога. Тоа се пороци кои младите ги промовираат како „кул” работи кои треба да се пробаат...

roditeli-zapoznajte-gi-decata-so-opasnostite-na-porocite-1

Затоа, родители, вашата должност е да разговарате со вашите деца за сите опасности кои произлегуваат од пороците. Докторите советуваат разговорите да ги започнете уште од предучилишната возраст на детето.

Истражувањата покажуваат дека децата кои на време се информирани за дрогата, алкохолот и цигарите, чувствуваат одбивност кон нив и не потпаѓаат под нивно влијание:

Деца до 7 години

На овие години, децата се врзани за домот и за сѐ бараат одобрување од родителите. Токму и затоа овој период е идеален за да ги научите за здравата исхрана, донесувањето на одлуки и решавање на проблемите. Научете го детето дека е одговорно за своето здравје и објаснете му ги штетните супстанци во нивното опкружување.


Училишна возраст

Преку приказни, филмови и лични искуства објаснете им ги на децата резултатите од пороците. На пример, ако вашето дете игра некој спорт кажете му дека во иднина ќе му биде многу тешко да успее доколку пие алкохол или пуши цигари. Кажете им на децата, дека за проблемите секогаш е подобро да ви се обраќаат на вас, отколку решението да го бараат во дрогата.


Пубертет

Во овој период децата сакаат да се вклопат со своите врсници и ги повторуваат нивните постапки. Важно е да им кажете дека доколку заземат став нема да бидат губитници, напротив тие ќе бидат силни и цврсти пред пороците. Во пубертетските години, важно е детето да има хоби или друга активност надвор од училиштето, која ќе го држи настрана од цигарите, алкохолот и дрогата.

За крај, родители запомнете: Позитивното размислување, вистинските животни вредности и добрите пријатели се најдобрата одбрана од сите опасности.

Кои се вашите техники за одбрана на детето од пороците?

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...

Најчитани неделава