Молба за сите мајки: Ве молам, не живејте само за децата

Ве преколнувам немојте да живеете за децата. Не само што тоа не им е потребно, туку дури им штети. Колку само погрешни судбини се тоа, скршени срца, навреди  недоразбирања.

ve-molam-nemojte-da-ziveete-za-decata-001

Постојано гледам жени кои се одрекуваат од сè во животот поради децата. Потоа гледам и како тие деца растат и се претвораат во нешто тажно...

Една мајка сама го одгледа своето дете Вања. Никогаш не се омажи, сè му даде на синот, му купи стан, му го исплати факултетот. Тој стана одлично момче, успешен човек. Сега има 50 години. Никогаш не се ожени и нема деца. Цел живот се труди да ѝ го врати долгот на мајка му кој не ѝ го бараше. Не успеа.

Таткото на Ксенија работи цел ден и цела ноќ поради децата. Имаше големи планови – посебно за ќерката. Таа беше најпаметна, па тој сонуваше дека ќе стане докторка. Ја запиша на факултет. Но таа се отпиша. Сакаше да го живее својот живот. На свој начин. Сакаше да стане уметница. Татко ѝ се обиде да ја вразуми и ѝ ја даде сметката. Сè пресметал: колку го чинело школувањето, секциите, приватните часови, облеката, храната... побара да му го врати долгот. Не е потребно да се кажува дека Ксенија веќе го нема видено татко ѝ над 30 години...

ve-molam-nemojte-da-ziveete-za-decata-5.jpg

Мајката на Ирена се откажа од личниот живот поради детето. По разводот со никого не се гледаше, се плашеше да не ја истрауматизира ќерката. Ирена порасна и не може да ја остави мајка ѝ. Не може со никого да се гледа, ниту да ја остави мајка си и да се посвети на својот личен живот. Сега има 40 години, не е омажена и нема деца.

Родителите на Игор и Сања беа невидливи родители. Правеа сè за децата, и возможно и невозможно. Семејството секогаш било сложно, за празници, одмори... Само што во тоа родителство се изгубил односот маж-жена. Повеќе ништо не ги поврзуваше. Проживеале заедно 30 години, како татко и мајка на две деца. Кога децата си заминаа по својот пат, тие се разведоа. Сања сè уште не е омажена, има 37 години и не планира да се омажи затоа што се плаши дека ќе ѝ се повтори тажната приказна.

Горан – долго чекано дете. Сите над него се тресеа, се грижеа, го чуваа, дури и премногу. Неговата мајка се откажа од тоа да го чека принцот на бел коњ па реши само да најде некој за да роди дете на кое ќе му се посвети. Се трудеше на секој начин од него да направи вундеркинд. Учеше неколку јазици, одеше на неколку секции, свиреше на харфа... Мајката се гордееше со синот и постојано го молеше да отсвири нешто кога имаат гости. Горан денес има 50 години и се разведува. Неговите деца ги воспитува друг маж. Тој нема ништо против. Сè уште не знае што сака од животот. Не стана вундеркинд, не успеа, се скрши и почна да пие. Пред работа, за време на работа, по работа. Мајка му тоа не го гледа.

ve-molam-nemojte-da-ziveete-za-decata-7.jpg

Малку ли се ваквите приказни и колку радост и среќа има во нив? Кога детето ќе ви стане смислата на животот, тоа за него е претешко бреме. Тоа е како заклучено во соба во која порано или подоцна ќе снема воздух. Во почетокот може да живееш, но постепено почнуваш отежнато да дишеш. Дишеш отежнато од љубов и грижа.

И не е доволно што дваесет и неколку години живееш во загушувачка животна пустина, туку остануваш и должен. Ти се поднесува сметка, иако ти се чини дека си дошол само на гости и радо би им помогнал на домаќините – сами и на сопствена иницијатива. Но, сега на тацна ти се сервира сметката за сите 20 години, за кои секој твој здив ја полнел животната торба.

Понатаму има уште многу варијанти. Детето може да ја плаќа таа сметка цел живот. Ретко кој може да разбере и прифати на разумен начин без притоа да ги жртвува својот живот, своите интереси.

Затоа, ве преколнувам, не живејте за децата. Најдете друга смисла на вашиот живот, најдете друга смисла на родителството.

Мајки, сакате го својот сопруг. Децата ќе пораснат и ќе заминат, а тој ќе остане со вас. Вие можете да им дадете пример на вашите деца и вашиот однос може да биде причина и сами да посакаат семејство и деца или да им ја убиете секоја желба ако бидете опседнати со проблемите на децата и да го игнорирате сопругот.

Сакајте се себе. Не заборавајте се себеси трчајќи по децата. Не се откажувајте од новиот фустан поради новата играчка. Не го заменувајте козметичарот со приватен професор. Ако сами за себе не водите сметка, како може да се грижите за другите. Каков пример давате? Каква љубов покажувате? Од каде?

Смислата на животот побарајте ја надвор од материјалниот свет. Овој живот еднаш ќе заврши, дури и ако сега не сакате да помислите на тоа. Духовна пракса, религија, молитви...може од таму да ја црпите животната сила наместо да се прочистувате преку детето.

Не живејте за децата, ве молам! Кога ќе сретнам луѓе чии родители им пружиле сè, па и повеќе од тоа, многу ми е тешко да ги гледам во очи. Во голема мера се препознавам себе и својата болка. Ги гледам истите маки, скршени срца, празни души. Во нивните очи има само крици за помош. Болка очај, вина... Тие, како и секое друго дете, силно посакуваат да ги сакаат своите родители. Но во тој случај, едноставно не би преживеале.

Дајте му на своето дете можност да живее и дише. Тогаш ќе може да расте и да се развива. Онака како што го води сопствениот пат. Нашата улога како родители е едноставна: Да го нахраните на време, да го заштитите од сонце и да го чувате од штетници. Понатаму, детето, како и цветот ќе се снајде само и ќе го извади најдоброто од себе што му е дадено.

ve-molam-nemojte-da-ziveete-za-decata-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg