9 Знаци кои покажуваат дека вашето дете е разгалено

Се сомневате дека можеби вашето дете е разгалено? Препознајте ги најчестите „симптоми” и реагирајте на време...

9-znaci-deka-vaseto-dete-e-razgaleno-1

Бебето не можете да го разгалите со прегратки, со премногу внимание и галење, но кога детето ќе порасне овие работи можат да произведат контраефект.

Овие 9 знаци покажуваат дека вашето дете е разгалено:

1. Не сака да си игра само

До својата 4-та година, детето треба да биде способно самото да си игра. Доколку цело време ве бара вас да си играте, тоа е знак дека има потреба за претерано внимание.


2. Себично дете

Уште кога е детето мало важно е да го научите да не биде себично и да ги дели своите работи. Веќе во 4-тата година, детето треба да знае да ги дели играчките и чоколадите со своите врсници, како и со останатите луѓе во неговата околина.


3. Ве игнорира

Ниту едно дете не сака кога не му дозволувате нешто, но никако не смеете да дозволите да ве игнорира кога му се обраќате.

9-znaci-deka-vaseto-dete-e-razgaleno-3

4. Често ве срами во јавност

Ако детето умее да направи драма само за да му купите играчка и успева да ве посрамоти во јавност, тогаш дефинитивно имате работа со разгалено дете.


5. Морате да се служите со уцени

Детето треба да го научите да ги исполнува своите секојдневни обврски, без да морате да му ветувате дека ќе добие некоја награда ако го направи тоа.


6. Те молам, направи го тоа...

Родителот треба да биде авторитет, а детето треба да го послуша кога нешто ќе му биде кажано. Во ниеден случај не треба да го молите да прави нешто. Ако сепак го молите, тогаш станува збор за разгалено дете.

9-znaci-deka-vaseto-dete-e-razgaleno-2

7. Вечно незадоволно

На разгаленото дете невозможно е да му угодите, бидејќи тоа никогаш нема да биде задоволно со тоа што го има.


8. Мал манипулатор

Разгалените деца не успеваат да ги разликуваат врсниците од родителите, па често очекуваат сите да ги слушаат нив. Затоа, овие деца се служат со манипулации за да ги контролираат возрасните.


9. Чести напади на бес

Еден од најсигурните знаци дека имате работа со разгалено дете се честите напади на бес, без разлика дали тие се случуваат дома или во јавност. 

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...

Најчитани неделава