Совети за родителите: Што кога детето ќе одбие да јаде?

Понекогаш децата ја одбиваат храната, дури и кога сте им го подготвиле омилениот оброк, но наместо да се нервирате и грижите погледнете ги овие совети кои сигурно ќе ви бидат од голема помош.

soveti-za-roditeli-sto-koga-deteto-kje0odbie-da-jade-1

Многу родители грешат со тоа што ги форсираат децата да јадат, а тоа кај нив создава поголема одбивност кон храната.

Родители, овие совети нека ви бидат ваш водич:

Крај на грижите

Навистина немате причина за грижа. Вашето дете поминува низ фаза која е нормална во процесот на растење. Бидете трпеливи, а доколку работите излезат од контрола посоветувајте се со вашиот доктор.


Без притисок

Кога детето ќе престане да јаде, никако немојте да го форсирате во еден оброк да ги надомести сите кои ги прескокнало.


Изоставете ги наградите

Родителите често им честитаат и ги наградуваат децата кога ќе ја изедат целата храна, што е многу погрешно. Јадеме за да го нахраниме телото, а не за да им угодуваме на родителите.


Не дозволувајте да бира

Ако детето го одбие ручекот и посака да јаде нешто друго, не му дозволувајте. Оставете ја чинијата со подготвениот ручек пред него и не го терајте со сила да јаде. Кога ќе сфати дека нема да добие друга храна ќе се одлучи да ве послуша.

soveti-za-roditeli-sto-koga-deteto-kje0odbie-da-jade-2

Воведете рок на траење

Оброкот не треба да трае повеќе од половина час. Не дозволувајте му на детето со часови да го џвака парчето месо или зеленчукот кој сте му го подготвиле. Не го форсирајте да го завршува оброкот, туку после некое време тргнете ја чинијата дури и ако е полна. После неколку такви оброка, детето само ќе сфати дека нема многу време и ќе ја изеде целата храна.


Избегнувајте полни чинии

За некој кој не е гладен и кој упорно одбива да јаде уште потешко му е кога ќе види преполна чинија, па неговиот апетит се намалува. Затоа, сервирајте по малку и олеснете му психички. Кога ќе му се отвори апетит, детето ќе ви побара репете.


Ништо помеѓу оброци

Не дозволувајте детето да јаде слатки или грицки помеѓу оброците, бидејќи тоа ќе го засити и ќе му го расипе апетитот. Во кујната секогаш имајте овошје со кое детето би можело да се послужи помеѓу оброците, доколку побара.


Без коментари

Немојте да го критикувате и казнувате детето кое не сака да јаде. Исто така, пред него не смеете да покажете дека се грижите или нервирате заради неговиот лош апетит.

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
10 совети како да израснете независни деца (ќе ви бидат благодарни еден ден) Поттикнете ги да преземат предизвици, дури и кога постои реална можност за неусп...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава