7 Правила како да бидете совршен партнер за вашата бремена жена

Бременоста претставува блажена состојба која е проследена со големи хормонални промени кои влијаат на расположението и состојбата на вашата сакана. Постојат неколку работи кои можете да ги сторите и да бидете идеалниот партнер во ова патешествие од 9 месеци.

7-pravila-kako-da-bidete-sovrshen-partner-za-vashata-bremena-zena-01.jpg

Трудниците од својот партнер бараат разбирање, стабилност и постојана нежност, а за таа цел постојат 7 основни правила до кои треба да се придржувате за да бидете идеалниот партнер за вашата сакана.


1. Утринските мачнини не се јавуваат само наутро

Утринските мачнини кај жените обично се јавуваат во првото тримесечие, но кај некои може да се јавуваат и во текот на целата бременост. Најчестите и главни симптоми се повраќање, вртоглавици и општа слабост. Овие симптоми може да се јават во било кој период од денот и од голема важност е да бидете секогаш тука за вашата партнерка. Бидете внимателен и сочувствителен со неа. Не е на одмет и да имате секогаш при рака нешто за грицкање или топол чај од нане.


2. Бременоста ги поттикнува и појачува сетилата

Идеалниот партнер избегнува купување и користење на нови тоалетни води, парфеми, сапуни и освежувачи на просторот кои се со силни ноти и предизвикуваат мачнини. Внимавајте и на допирите. Бремените жени стануваат прилично чувствителни особено во пределот на градите.


3. Хормоните влијаат на брзи промени во расположението

Имајте разбирање за промените кои доаѓаат со дивеењето на хормоните. Романтичните филмови можат да предизвикаат ненадеен плач. Утринските подготовки да бидат причина за гнев и викање. Идеалниот партнер умее да пружа подршка со понуденото марамче во правиот миг или со моќта на масирањето на рамената.

7-pravila-kako-da-bidete-sovrshen-partner-za-vashata-bremena-zena-1.jpg

4. Трудниците сакаат одмор

По венчавката завршивте на некоја топла дестинација каде го поминавте вашиот меден месец. Патувањето кон некоја привлечна дестинација ќе и одговара и на бремената жена. Совршениот партнер умее да ја изненади својата сакана со уште еден одмор кој ќе биде последна прилика за заедничко опуштање пред новата улога на родители.


5. Сексот (не) е добра идеа

Некои жени за време на бременоста немаат сексуален нагод, а други пак, не можат да се заситат од својот партнер. Идеалниот партнер умее да комуницира со својата сакана и да се обиде да ги задоволи нејзините потреби. Важно е да биде искрен, да и каже како се чувствува и да и се заблагодари за промените низ кој минува.


6. Бременоста и раѓањето се неуредни

Некои мажи умеат да уживаат во крвави акции на филмовите, но не и во реалност. За многумина самиот чин на раѓање може да предизвика гадење. Обидете се да не паднете во несвест во миговите на раѓање на вашето малечко.


7. Вознемирената трудница не сака да ги слуша зборовите „Смири се“

Овие зборови се еднакви на обидот да го изгасите пламенот со бензин. Обидете се оваа фраза да ја заборавите, особено при самото пораѓање.

Би можело да ве интересира:

„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
Не е важно дали сте го загубиле бебето во 6-ата или 20-тата недела – вашата загуба е тешка Без разлика дали претходно не сте имале деца. Без разлика дали веќе имате дете. ...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
„Сопругот ми рече дека не правам ништо, 2 дена не чистев - погледнете како ми изгледа домот“ (видео) „Најлошо е што ти ќе треба сѐ сама да исчистиш на крај“ – велат во коментари жен...
„На роденденот на ќерка ми дојдоа само 2 деца, а се најавија 10 – Родители, бидете поодговорни“ „Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека...
Мајка стана вирален хит со воспитувањето на синовите – ги учи да чистат и да ги делат обврските со и... „Кога добив синови, сакав да бидам сигурна дека ќе имаат почит кон девојчињата“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg