„Децата не треба да имаат Инстаграм профил“: Навики кои модерните родители треба да ги заборават
„Точно е дека постојат и лоши наставници, но ако вашето дете има слаби оценки, можеби треба да разговарате со него пред да го нападнете неговиот наставник“.

Начинот на воспитување на децата денес е многу поразличен пред деценија-две.
И, некои работи се навистина подобрени, но постојат и „трендови“ во родителството кои можат да бидат и штетни.
На Редит, неколку родители и наставници споделуваат кои вакви трендови треба да ги заборавиме:
„Пречесто споделување детали од животот на децата онлајн. Со ова им ги нарушувате приватноста и безбедноста, а тие не можат да ви кажат дали се согласуваат со тоа“.
„Третирање на децата како проект што треба да го подобрите, наместо да им дозволите некогаш да им биде здодевно“.
„Нежно родителство кое се претвора во невоспитување. Родители, треба да им поставувате граници на децата“.
„Не ми се допаѓа тоа што ги штитат децата од буквално сè, само за да не се чувствуваат непријатно. Ова ќе и претвори во тинејџери со анксиозност кои ќе имаат паничен напад и од најмал проблем“.
„Сум забележала како родителите постојано им велат на децата ’браво‘ или ’внимавај‘ и слично кога си играат. Во ред е да внимавате на детето, но дозовлете му и да си игра слободно“.
„Мразам кога родителите ги обвинуваат наставниците за недостатоците на нивните деца. Точно е дека постојат и лоши наставници, но ако детето има слаби оценки, можеби треба да разговарате со него, а не да го напаѓате наставникот“.
„Не треба да им даваат таблети и смартфони на децата уште на претшколска возраст за да ги смират“.
„Сметам дека не во ред кога родителите ги форсираат децата да одат на безброј вонучилишни активности“.
„Тажни беж играчки, беж облека и беж декорации. Па тоа се деца, внесе малку боја во нивните животи!“
„Децата не треба да имаат Инстаграм профил“.
Спирова С. | Црнобело
