Исповед на една мајка: Јас сум мрзлива, себична и невнимателна

Воспитувањето на децата не е воопшто лесно, туку една од најтешките и најодговорните работи. Од нашите ставови и постапки како родители зависи животот на нашите деца.

ispoved-na-edna-majka-jas-sum-mrzliva-sebicna-i-nevnimatelna-no-so-razumna-pricina-01

Ана Бикова е педагог, психолог и мајка која веќе 10 години работи со деца и повеќе од 5 години со родителите, па го споделува своето искуство и зошто одлучила да биде мрзлива и невнимателна мајка.

„Јас сум мрзлива мајка. Покрај тоа сум себична и невнимателна. Сакате да знаете зошто? Затоа што сакам моите деца да бидат самостојни, претпазливи и одговорни. На детето треба да му пружите можност за да ги покаже тие особини.

Работејќи во градинка се нагледав примери на претерана родителска грижа. Но, во сеќавање ми остана тригодишниот Славик.

Неговите загрижени родители мислеа дека секогаш мор сè да изеде за да не ослабе. Не знам дома како го хранеле, но кај нас дојде со нарушен апетит. Само џвакаше механички и голташе сè што му се даваше.

Требаше ние да го храниме, затоа што „не знаеше сам да јаде“. Додека го ранев на неговото лице не можев да забележам ниедна негова емоција. Само механичко јадење. А знам дека кашата не беше баш погодена, но тој не изразуваше никаква реакција по тој повод. Знаеше дека мора да изеде сè што е во чинијата. Така е воспитан од дома.

Го прашав: „Ти се допаѓа ли кашата?“

„Не“ – и продолжи да џвака и голта.

„Ако не ти се допаѓа не ја јади“ – му реков.

Очите му светнаа од изненадување. Не знаеше дека воопшто има избор да не јаде. По некое време почна да одбира што ќе јаде и да одбива она што не сака да јаде. Стекна самостојност во изборот.

ispoved-na-edna-majka-jas-sum-mrzliva-sebicna-i-nevnimatelna-no-so-razumna-pricina-2.jpg

По некое време престанавме да го храниме, затоа што почна сам да јаде, бидејќи храната не е само задолжителна, туку и природна потреба.

Подоцна проблемот беше со одењето во тоалет. Дома го оставале цел ден на нокшир додека не ја заврши потребата, па сега беше навикнат дека треба да чека некој да го однесе во тоалетот, ако не, може и да заврши сè во гаќи бидејќи не знае дека тоа може да го каже пред да се слулчи и да оди во тоалет само кога има потреба, а не да седи цел ден.

По некое време се научи да кажува и без проблем да ги извршува сите физиолошки потреби, бидејќи тие се природни и не може некој да не ги знае.

Јас сум мрзлива мајка. Во некој момент станав мрзлива за да ги хранам своите деца. По една година им оставав лажичка покрај нив и седнував да јадам. Гледајќи ме и чувствувајќи ја потребата за храна, за неполна година веќе знае и со виљушка да јадат.

ispoved-na-edna-majka-jas-sum-mrzliva-sebicna-i-nevnimatelna-no-so-razumna-pricina-4.jpg

Јас сум мрзлива мајка. Преку викендите сакам да поспијам наутро. Една сабота кога се разбудив околу 11 видов како мојот двегодишен син гледа цртан и јаде колаче. Сам го вклучил телевизорот и го нашол цедето со цртани. Затоа што имал таква потреба и не очекувал моја помош.

Постариот син кој има 8 години веќе беше излезен. Претходната вечер ми кажа дека сака да оди со едно другарче и неговите родители во кино. Но, бидејќи му кажав дека не сакам да станувам рано и дека треба сам да стане и да се подготви ако сака да оди, не ни помисли да се успие.

Се разбира дека и јас го наместив алармот да ѕвони, наслушнував како се подготвува, кога отвора и затвора врата и чекав порака дека е стигнат од мајката на другарчето. Но, детето ништо од тоа не виде и се погрижи сам да оствари сè.

Уште повеќе сум мрзлива за да им ја проверувам училишната чанта на синовите, спортската опрема или да пишувам домашна со нив. Па, мораат сами да го прават тоа и засега одлично им оди.

ispoved-na-edna-majka-jas-sum-mrzliva-sebicna-i-nevnimatelna-no-so-razumna-pricina-6.jpg

Мрзлива сум и за да го фрлам ѓубрето од дома, па го фрла постариот син кога оди на училиште. Дури знам и да го замолам да ми свари чај и да ми го донесе пред компјутер. И сето тоа знае да го направи.

Мислам дека со текот на годините ако треба и помрзлива ќе станам.

Но, чудесна трансформација се случува кога ќе ни дојде баба на гости. Тогаш децата забораваат сè што знаат, па не сакаат ниту да јадат сами, ниту да се облечат ниту да заспијат ако баба не им подготви сè. А баба баш и не е мрзлива како мене, затоа се менуваат улогите.

Децата можат да бидат целосно самостојни за своите потреби, зависи само колку „мрзливи“ ќе бидат возрасните за да им го отстапат просторот.

ispoved-na-edna-majka-jas-sum-mrzliva-sebicna-i-nevnimatelna-no-so-razumna-pricina-5.jpg

Би можело да ве интересира:

„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава