7 совети како да воспитате внимателно и несебично дете

Неодамнешно истражување направено од страна на Универзитетот Харвард покажува дека децата не се раѓаат со сочувствo, туку го стекнуваат преку воспитувањето кое го добиваат од своите родители.

7-soveti-kako-da-vospitate-vnimatelno-i-socustvitelno-dete-01.jpg

Станува збор за долгорочно истражување кое се занимава со развојот на децата и кое нуди 7 конкретни стратегии кои родителите можат да ги применат за да развијат емпатија и несебичност.


1. Трудете се да развивате близок однос, полн со љубов и внимание

На децата потребен им е близок однос полн со љубов, внимание и разбирање. Чувството на блискост е важен дел од нашиот идентитет.

Врските најпрво се градат со родителите или луѓето кои се грижат за децата, а една од најважните работи при воспоставувањето на близок однос е децата константно да добиваат внимание и љубов.


2. Бидете морален пример за децата

Децата го градат својот карактер на основа на она што го гледаат и токму затоа еден од најдобрите начини на кои родителите може да ја обликуваат личноста на своето дете е да му покажат со пример како треба да се однесува и што е пожелно да прави во животот.


3. Грижата за другите треба да ви биде приоритет и треба да имате високи етички очекувања

Родителите често им зборуваат на своите деца дека треба да бидат внимателни, но таа порака често не допира до малите. Р

одителите имаат обврска постојано да ги учат и да им покажуваат на своите деца дека треба да бидат несебични и да инсистираат да се научат да ги почитуваат луѓето околу себе.


4. Дозволете им на децата да го покажат сочувствувањето на дело

Како и многу други карактеристики, несебичноста се учи со практична примена, а обврска на родителите е да им овозможат време и простор на своите деца каде ќе можат да ја покажат оваа нивна лична карактеристика. Доведете ги во ситуација да им помогнат на другите околу нив.


5. Проширете го кругот на интереси на детето

За родителите важно е да им покажат прилика на дело да видат како се покажуваат внимателноста и интересот за другите луѓе.

Тие треба да најдат нови начини како децата да ги вклучат во активности кои ќе ги научат да бидат несебични и да ги прошират своите видици на тој начин што ќе им зборуваат за нови култури и обичаи.


6. Поттикнете ја способноста на детето да ја покаже својата етичност

Во децата лежи моќта да бидат креативни и општествено ангажирани поединци кои можат да допринесат за добрината во целокупното општество. Родителите треба да ја поттикнат оваа способност на тој начин што ќе ги учат на тоа што е совест.


7. Помогнете им да развијат самоконтрола и ефикасно да управуваат со своите емоции

Децата знаат да имаат проблеми да се изборат со тешките или стресни ситуации, а за да успеат да ги контролираат своите емоции и да останат смирени, потребно е да им помогнете да развијат самоконтрола.

Најдобар начин како можете да го постигнете тоа е да ги регулирате сопствените емоции и со пример да му покажете како може да го направи тоа.

Би можело да ве интересира:

Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава