Самохран татко држи часови за другите татковци да научат како да прават фризури на своите ќерки
Филипе Моргес е самохран татко уште од првата година на својата ќерка, а тоа го довело многу бргу да сфати дека покрај останатите обврски, ќе мора да внимава и на изгледот на нејзината коса.

На почетокот сè било едноставно – доволна му била само една шнола за да успее да и направи фризура.


Но, како што растела малата Ема, морал да научи и нешто повеќе. За краток период тој станал „професионалец“ со голем репертоар на фризури.


Со текот на времето, започнал да добива пофалби и прашања, па одлучил сите самохрани татковци да ги научи како сами да ги прават фризурите кои тој ги правел на својата ќерка.

Така решил да го посети локалното козметичко училиште и да побара од нив простор каде ќе може да одржува часови.

„На првиот час се појавија само седум татковци заедно со нивните ќерки“ – вели Моргес.

Но, тој е упорен и решен да продолжи со држењето на часови, па отворил и своја Фејсбук страна именувана како Daddy Daughter Hair Factory.
