Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се прашувам: Каде исчезна детската игра?

Сите ние често имаме можност да наидеме на детските очи кои се полни со надеж и љубопитност. Тие детски очи не исполнуваат со грижа и безброј прашања околу нашата иднина.

se-prashuvam-kade-iscezna-detskata-igra-01.jpg

Моите очи веќе се заморени и одамна им требаат очила за гледање, но детските се тука за да бидат широко отворени. Прашање е што гледаат денес? Тоа што го гледаат ќе им остане засекогаш.

Ако се вратиме назад во нашиот чист детски свет и ја погледнеме оваа извитоперена реалност која сега се продава како бајка, сè е сурово и сè не напаѓа од сите страни. Најголема жртва на овие напади е детската фантазија.

Денес сè што ни се нуди покажува постоење на задни намери, како веќе ништо што им се нуди на децата да не е без претензии. Не е ни чудно што се развива посебен тип на литература за помош на родителите како да ги воспитуваат сопствените деца и тинејџери.

Во Велика Британија постои високо развиена свест за потребата за културно воспитување, но воопшто не постои традицијата на читање и учење на детски песнички.

Тука ништо не се учи на памет. Не дека учењето на памет е надминато, туку не се смета за забавно.

Во сето тоа, се прашувам, каде исчезнала традицијата на детските песни кои ги учевме напамет и за оцена ги рецитиравме или ги пеевме во училишниот хор?

Така учиме да зборуваме, да мислиме, слушаме... Впрочем, говорот е единствената карактеристика која не одбележува, од која не можеме да побегнеме и која не може да се сокрие со шминка, фризура или облека.

Тука во Британија, старите традиционални детски песни не постојат. Јавните настапи и училишните приредби се ретки и досадни случувања за кои дури и за една изговорена реченица потребен е лист хартија.

Веројатно субјективно и со носталгија гледам на нашите хорски пеења и рецитали кои имаа воспитно значење.

Се негуваше љубов кон поезијата и изговорените зборови, кон песните и мелодијата. Дури и оние кои без уживање беа принудени да учествуваат, не беа оштетени, туку бар за миг збогатени со убави зборови.

Можеби изгледа наивно, но воопшто не е занемарливо.

Размислете, каде оди општеството чија младост се храни со електронски игри? Дури и да немаат насилна природа, игрите ги убиваат сите сетила.

Што ќе откријат, научат и направат идните возрасни кои своите очи, уши и мисли ги трошат на бесконечно безделничење на интернет?

Каде оди животот, не знам, но знам дека сè е одамна отидено по ѓаволите.

Би можело да ве интересира:

„Шампонот за суво миење е најдобар пријател“: 10 работи кои никој не ѝ ги кажува на новопечената биз... „Ручекот со пријателките е луксуз, а не секојдневие“, „Озборувањето на кафе, ќе ...
Како да му помогнете на детето ако има мачнини при патување? Не го терајте детето да јаде сосила, не му дозволувајте да седи на телефон или т...
Мамо извини за секој лош збор, за секојпат кога сум ти се развикала без причина Многупати сум ѝ се развикала на мајка ми само затоа што кажала или направила неш...
Грешки со кои родителите несвесно им создаваат траума на децата Немојте да мислите дека децата ви должат нешто бидејќи сте ги родиле и се грижит...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...
Знаци дека вашата ќерка наскоро ќе ја добие првата менструација (и како да постапите) Во минатото не се зборуваше многу за менструацијата, па многу од девојчињата беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg