Eден најголем грев кој родителите го прават при воспитувањето на децата, според познат психијатар
„Голем проблем е како се однесуваме кон детето. Ние секогаш зборуваме за проблемот со преамбициозните родители. И тоа да – проблем е, не е спорно. Но, има еден друг и многу поголем проблем“, вели психијатарот Александар Мисојчиќ и открива што е погубно за вашето дете.

Александар Мисојчиќ е психијатар и психотерапевт со богато клиничко искуство, познат по неговата работа во Србија.
Тој често се појавува во медиуми и на јавни настани како експерт за ментално здравје и разговори за психолошки теми.
Во едно неодамнешно гостување тој проговори која е најголемата грешка што ја прават родителите при воспитувањето на децата.
Неговите зборови ќе допрат до секој родител:
„Голем проблем е како се однесуваме кон детето. Ние секогаш зборуваме за проблемот со преамбициозните родители.
И тоа да – проблем е, не е спорно.

Но, мене ми е поголем проблем кога родителите некое дете однапред го прогласуваат за неспретно со топка, „смотан како и јас“ и останати забелешки.

Има вистина во она дека на крај ние израснуваме во она што другите мислат дека сме.
Значи, може помал проблем се амбициозните родители од родителите кои тоа дете веднаш ќе го прогласат за неспортист или некој кој не го интересира ниту топка, ниту го бива за нешто друго.

Па, потоа започнуваат тие родителски анегдоти „Само да го видиш каков е со топка“ и слично и тоа не е добро“.
Слушнете ја неговата изјава:
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com